Насловна Вести

Претставена дигитализираната колекција на списанието „Фокус“

Списание избришано од колективната свест

 

На промоцијата одржана на 24-ти декември, беше претставена дигитализираната колекција на младинското списание „Фокус“ издавано во периодот од 1969 го 1972 година.

Прв дел

Втор дел

Трет дел

Повеќе...
 

Интелектуалци во одбрана на слободата на говорот

И јас сум новинар на А1, “Време, “Шпиц” и “Коха е ре”

Сакаме да бидеме новинари на А1, “Време, “Шпиц” и “Коха е ре”. Сакаме да застанеме во одбрана на слободата на говор. За вашите редакции ќе работиме како обични новинари, колку што можеме и умееме, без надомест.

Со ваков симболичен гест на поддршка во редакциите на нашите редакции во текот на викендот се јавија неколку македонски интелектуалци, поттикнати од настапот на писателот Ким Мехмети на А1 телевизија во саботата навечер. Во дебатата со Билјана Секуловска, Мехмети отворено кажа дека во име на зачувување на слободата на новинарите да работи како новинар во редакцииите на Перо Наков б.б. и тоа – бесплатно.
Повеќе...
 

Зборно место #13: Викиликс – дигитализиран активизам

Феноменот на Викиликс и моќта на информациите во денешното општество беше тема на дебатата „Викиликс - револуција или балон?“ одржана на 23-ти декември во ГЕМ клубот. Домаќин на дебатата беше Никола Гелевски, а негови гости, Сеад Џигал и Филип Стојановски.

Прв дел

Втор дел

Повеќе...
 

Дванаесетта дебата од Зборно место: Новинарите да престанат да бидат топовско месо

Проблемите, поделбата и нискиот професионален стандард во новинарството, но и предизвиците за нивно решение беа повод за дванаесеттата дебата од циклусот Зборно место насловена како „Иднината на македонското новинраство“, која се одржа на 16-ти декември. Разговорот го водеше Бранко Героски од ГЕМ со неговиот гостин, неодамна избраниот претседател на ЗНМ, Насер Селмани.

Прв дел

Втор дел

Повеќе...
 

Изложба „Скопје радос ти ќе бидеш“

izlozba-matej-bogdanovski-1Видео изложбата „Скопје радос ти ќе бидеш“ на Матеј Богдановски, надополнета со перформансот на „Распеани Скопјани“ и диџеј сетот на Соња Исмаил го наполнија ГЕМ клубот вечерта на 13-ти ноември 2010 година, Денот на ослободувањето на градот.

Апстракциите на Богдановски ги коментираат интензивните урбанистички промени кои му се случуваат на Скопје со објектите од проектот „Скопје 2014“ и му задаваат критички и подбивачки поглед на моменталниот општествен контекст.

Изложбата беше збогатена и со промоција на стрипот „КШШЦ“ од Матеј Богдановски, кој ја истакнува желбата за едно поинакво Скопје преку урбана приказна, инсистирајќи на создавањето на една друга слика, различна од досегашната.

Издавањето на стрипот и изложбата се поддржани од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија.
 

Слoвачкиот амбасадор Роберт Кирнаг гостин на единаесеттата дебата од циклусот „Зборно место“

Не запирајте со реформите – евроинтегративниот процес мора да продолжи

Сличностите и разликите меѓу Македонија и Словачка на патот кон ЕУ беа тема на единаесеттата дебата од „Зборно место“ со гостинот Роберт Кирнаг, Амбасадор на Република Словачка, одржана на 9 декември во ГЕМ клубот.

Прв дел

Втор дел

Повеќе...
 

Промоција на книгата „Минатото под прашање – модерна Македонија и неизвесностите на нацијата“

Книгата „Минатото под прашање – модерна Македонија и неизвесностите на нацијата“ од авторот Кит Браун беше промовирано на 9-ти декмври во ГЕМ клубот. Книгата издадена од „Евро-Балкан пресс“, Институтот за етнологија (ко-издавач), а финансиски подржана од Фондацијата Институт отворено општество Македонија, го третира македонското прашање видено преку состојбата во Крушево и неговата локална историја особено, во периодот на дваесеттиот век.

Прв дел

Втор дел

Трет дел

Повеќе...
 

Протестно писмо

Почитувани,

Пред се би сакале да ја изразиме нашата поддршка поради вашиот објективен и критички пристап кон однесувањето на оваа ненародна власт, но и поради вашата храброст и спремност за соочување со стружани  во моменти кога лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, недела дена по саботираната трибина во Струга,  кукавички го одложи својот митинг, и во услови кога СДСМ се состануваше и сеуште се состанува по ходници и хотели.

Со особено задоволство ја искажуваме нашата поддршка на движењето Граѓани за европска Македонија по нападите кон Вас од страна на ВМРО-ДПМНЕ кои ги гледаме и чувствуваме овие неколку месеци. Тие напади  кон Вас нé доведоа да го поставиме прашањето: Која и каква е таа влада и партија која се плаши од тоа што имаат да кажат шест индивидуалци и интелектуалци?. Имајќи во предвид дека оваа влада своето владеење го базира врз сеење страв и лаги добро е да се знае дека и таа се плаши од некого, во случајов од иницијаторите на ГЕМ, поради што со особено задоволство Ве поддржуваме.

Повеќе
страна 1 | страна 2
 

Зборно место 10: Упадот во А1 – контаминација на македонскиот медиумски простор

Случувањата во А1 телевизија од минатиот четврток (25.11.2010) беа тема на десеттата дебата од циклусот „Зборно место“, чиј домаќин беше Жарко Трајаноски, а гости Младен Чадиковски, Борјан Јовановски и Билјана Секуловска. Во присуство на бројни гости новинарите од А1 се обидоа да ги дообјаснат случувањата во нивната телевизија.

Прв дел

Втор дел

Трет дел

Повеќе...
 

Промоција на „Македонија и Македонците - историја“ од Ендрју Росос

Фондацијата Институт отворено општество - Македонија на 2-ри декември одржа промоција на делото „Македонија и Македонците - историја“ од авторот Ендрју Росос, професор по историја на Универзитетот во Торонто.

Прв дел

Втор дел

Трет дел

Повеќе...
 

Фуере во ГЕМ клубот: Продолжете со реформите

Името е битно, но мора да продолжите со реформите, порача евроамбасадорот Ерван Фуере на деветтата дебата од циклусот „Зборно место“, одржана на 25 ноември во организација на ГЕМ, чиј домаќин беше Владимир Милчин.

Прв дел

Втор дел

Повеќе...
 

Зборно место: Што сака ослободениот Бог? (за ренесансата на религијата во посткомунизмот)

Хрватскиот теоретичар и писател Борис Буден одржа предавање во рамките на дебатниот циклус Зборно место. На темата „Што сака ослободениот Бог?“ Буден во своето предавање се концентрираше на феноменот на ренесанса на религијата, односно десекуларизацијата на просторот на поранешна Југославија.

Прв дел

Втор дел

Трет дел

Повеќе...
 

Седма дебата од циклусот „Зборно Место“: Архитектура на Тоталитаризмот

Салата во ГЕМ клубот беше претесна за гостите кои ја посетија седмата дебата на Зборно место на тема „Архитектура и тоталитаризмот“, одржана на 11 ноември. Дебатата, чиј домаќин беше Никола Гелевски, а гостин Минас Бакалчев, во првиот дел беше насочена кон домашните и светските трендови во архитектурата, но и општата состојба денес во Скопје на полето на градежните зафати. И Бакалчев и Гелевски ги искажаа своите забелешки за начинот на кој се носат одлуките, осврнувајќи се пред сé на реформираните урбанистички заводи.

Прв дел

Втор дел

Повеќе...
   

Реакција на извршниот директор на ФИООМ: Хајка против непартиската критичка мисла

По повод нападите искажани од страна на министерот за финансии Зоран Ставрески, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Бичилиски и написите во весникот „Бизнис“, извршниот директор на Фондацијата Институт отворено општество - Македонија, Владимир Милчин на 7 ноември излезе со своја реакција.

Повеќе...
 

Зоран Ставрески не се појави на Зборно место: Власта упорно одбегнува дебата

Иако поканет да ги соочи аргументите, Министерот за финансии и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Ставрески не се појави на шестата дебата од циклусот „Зборно место“ , одржана на 4-ти ноември во ГЕМ клубот, а чиј домаќин беше Бранко Героски.

И покрај недоаѓањето на гостинот, иницијаторите на ГЕМ отворија дебата, која главно беше насочена кон демократскиот капацитет на актуелната власт.

Прв дел

Втор дел

Повеќе...
 

Одговор на обвинувањата од Ставрески: ГЕМ не е инсталација на ниту една политичка партија

Иницијаторите на „Граѓани за Европска Македонија“ на конференцијата за печат одржана на 31.10.2010 година остро ги отфрлија обвинувањата на вицепремиерот на Владата и член на Извршниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Ставрески, во врска со поврзаноста на ГЕМ со аферата „Надеж“.

Повеќе...
 

Петта дебата од циклусот „Зборно место“ - „Од ќотеци до тужби“

Владејачката елита систематски го поттикнува говорот на омразата

Циклусот „Зборно место“, во организација на „Граѓани за европска Македонија“ продолжи со својата петта дебата, која се одржа на 28 октомври, во просториите на ГЕМ клубот. Разговорот на тема „Од ќотеци до тужби (Притисоците врз слободата на изразување)“ го водеше Роберто Беличанец, а негова гостинка беше Ирена Цветковиќ, активистка, блогерка и колумнистка, која заради своите ставови, подолг период е изложена на континуиран говор на омраза, а веќе „заработи“ и неколку тужби.

Прв дел

Втор дел

Повеќе...
 

Нова дебата од циклусот „Зборно место“

Проблем е името на државата, а не идентитетот кој е индивидуално прашање

Циклусот „Зборно место“ во организација на „Граѓани за европска Македонија“ продолжи со својата четврта дебата која се одржа на 21 октомври во просториите на ГЕМ клубот. Разговорот на тема „Грчко-македонските односи во светлината на евроинтеграцискиот процес“ го водеше Бранко Героски, а негов гостин беше грчката амбасадорка Александра Пападопулу.
Прв дел

Вториот дел

Повеќе...
 

„Зборно место“ во ГЕМ : Реформите – колатерална штета од нерешавањето на проблемот со името

На 14 октомври (четврток) во ГЕМ клубот се одржа третиот јавен разговор од циклусот „Зборно место“, на тема „Евроатлантската интеграција на Македонија“. На дебатата, чиј домаќин беше Мерсел Биљали, а негов гостин Радмила Шеќеринска Јанковска, учесниците имаа можност да се запознаат со тоа до каде е Македонија во своите евроатлантски аспирации, но исто така се сумблимираа сите позначајни потези во процесот на интеграција во ЕУ и НАТО.

Прв дел

Втор дел

Повеќе...
 


Страница 5 од 10

Најави