Насловна Вести
 

„Зборно место“ во Ресен: Поразот на Груевски е победа за Македонија

Петти јуни мора да биде денот кога Груевски ќе си замине во историјата, и ден кога конечно ќе заврши погубната политика на актуелната власт. Ова е пораката од последната дебата од циклусот „Зборно место“ одржана во Ресен на 31-ви март.

Прв дел

Втор дел

Повеќе...
 

Промоција на книгата „Скопски приказни од 2014“

На 28 март 2011 во ГЕМ клубот беше одржана промоција на книгата „Скопски приказни од 2014“ од Пандалф Вулкански (http://okno.mk/node/10674). На промоцијата настапија хорот „Распеани Скопјани“, младата актерка Кристина Леловац и, како водител, уметникот Ѓоле Јовановиќ.
DSC_0011DSC_0019
Уредникот Никола Гелевски за книгата вели: „Сто кратки раскази во кои „играат“ повеќе од сто ликови од скопските улици! Минимализам кој опфаќа историски широки слики! Надреализам кој вози триста на сат и преминува во хипер-реализам! Само сатирата на Вулкански ја доловува апсурдноста на проектот Скопје 2014!“
 

Зборно место во Кочани: Најскапо нè чинат евтините политичари

Граѓаните мора да внимаваат на секоја манипулација што власта ќе се обиде да ја прави во предизборието, а на денот на изборите мора да покажат дека не се уплашени да го обезвластат Груевски. Ова е пораката од трибината „Зборно место“ одржана на 24-ти март во Кочани, на која присуствуваа околу 200 граѓани од кочанскиот регион.

Прв дел

Втор дел

Повеќе...
 

Зборно место во Гевгелија: Груевски е политички поразен!

Политиката на владејачката партија полека, но сигурно доживува пораз. Веќе е прашање на време кога оваа гарнитура ќе си замине, а Македонија ќе се врати на исправен пат. Ова е заклучокот на мнозинството учесници на дебатата „Зборно место“, одржана во Гевгелија, на 17-ти март 2011 година.

Прв дел

Втор дел

Повеќе...
 

Зборно место во Охрид: Власта произведува непријатели, лаги и страв

Проблемите на граѓаните на Охрид, актуелната политичка криза, како и нашата надворешна политика, беа темите кои ги опфати дебатата на ГЕМ одржана на 10-ти март во Охрид.

Прв дел

Втор дел

Повеќе...
 

„Зборно место“ на ГЕМ во Крива Паланка: На власт се луѓе кои имаат голема доза политички садизам

Крива Паланка стана град на сиромаштија, во кој владее хаос и беззаконие, и град во кој сите сфери се под длабоко политичко влијание на власта, заклучија поголемиот дел од над тристоте гости на дебатата во Крива Паланка одржана на 3 март 2011 година.

Прв дел

Втор дел

Повеќе...
 

Зборно место во Кавадарци: Паднаа митовите за Груевски

Дваесеттата дебата на Зборно место, одржана на 24-ти февруари во Кавадарци, помина во знакот на сè поизвесните предвремени парламентарни избори. Генералниот заклучок од дебатата е дека кога и да се случат избори, Македонија мора да тргне во друга, односно вистинска насока и да расчисти со сегашната власт.

Повеќе...
 

Зборно место: Тортура и нечовечки третман

Во светло на последните случувања со притворениците и трендот на колективно изрекување мерка притвор, деветнаесеттата дебата од циклусот Зборно место, одржана на 17 феруари, беше посветена на тортурата и нечовечкиот третман во Македонија. Домаќинот на дебатата Жарко Трајаноски и гостинката Мирјана Најчевска, и двајцата активисти за човекови права и добри познавачи на македонските прилики со злоупотребата на овие права, дадоа пресек на состојбата кај нас.

Повеќе...
 

Овој пат нема да поминете!

 

Промоција на „Црната книга“: Говорот на омраза – најава за физичко насилство

Документирани појави на говор на омраза, особено во новите медиуми и нивната поврзаност со физички насилства се главните аспекти на „Црна книга“, која беше промовирана на 11-ти февруари, во издание на Фондацијата Институт отворено општество Македонија (ФИООМ) и Центарот за развој на медиуми (ЦРМ).

Повеќе...
 

Зборно место во Штип: Во Македонија веќе не постои нормална политичка борба

Политичката криза, состојбата со слободата на говор како и човековите права беа темите за кои се дискутираше на дебатата на ГЕМ, одржана на 10 февруари во Штип. Отворајќи ја дебатата, Бранко Героски истакна дека во Македонија политичката криза започна во моментот кога власта почна да се служи со политичко насилство, организирајќи контра протести против секое граѓанско незадоволство, а продолжи со обидот за згаснување на четири влијателни медиуми.

Повеќе...
 

Медиумската војна и крахот на новинарството тема на „Зборно место“

Беспоштедната медиумска војна е слика и прилика на политичката војна во Македонија

Актуелните состојби во македонското новинарство и проблемите со кои е соочена медиумската сцена беа тема на седумнаесеттата дебата од циклусот јавни разговори „Зборно место“, одржана на 3 февруари 2011 година.

Прв дел

Втор дел

Повеќе...
 

ПОВИК за ПРОТЕСТ - 4 февруари 2011 во 13 часот пред Основен суд Скопје 1

Утре (петок) - 04.02.2011 со почеток во 13 часот, неколку женски организации организираат ПРОТЕСТ пред Основниот суд Скопје 1 за да го изразат својот револт и разочараност по вчерашната информација дека една жена заради непочитување на правото на пресумпција на невиност и основното човеково право на живот и здравје од страна на судските власти, го изгуби своето дете (реакцијата на женските организации).

ГЕМ ке се приклучи на протестот. ПРИКЛУЧЕТЕ СЕ И ВИЕ!
 

Проекција на „Нашите во Стамбол“ во ГЕМ

Иселениците во Истанбул – жива слика на нашето историско минато

Во рамки на циклусот „Зборно место“, на 27 јануари 2011 година, беше прикажан антрополошкиот документарен филм „Нашите во Стамбол“ во режија на Елизабета Конеска. Во 34-минутниот филм прикажана е заедницата на Македонци кои повеќе од сто години живеат во Истанбул.

Прв дел

Втор дел

Повеќе...
 

Онлајн петиција за поддршка на А1

http://www.petitiononline.com/A1TV/petition.html

И ЈАС СУМ А1 е симболичен слоган за слободата, солидарноста, вистината. Ако и вие сакате да бидете дел од оваа акција во која ќе покажеме дека имаме заеднички вредности, дека немаме алтернатива за демократијата и дека сакаме да влијaеме на иднината, тогаш ова е вистинското време да го покажеме тоа.

А1 телевизија почна масовна кампања во која за нив највредна ќе биде вашата поддршка, порака, потпис. Можете да оставите порака и на бројот на А1 Телевизија резервиран за оваа намена: 02 2550 318 (Од 9 до 17 часот), или на facebook страната: http://www.facebook.com/pages/I-Jas-Sum-A1/173763862667395
 

Зборно место #15: Вистинските тутунари беа пред Собранието

За политичките апсења и притисоците врз водачите на незадоволните граѓани се разговараше на 15-тата дебата од циклусот „Зборно место“ одржана на 20-ти јануари 2011 година во ГЕМ клубот. Гостите на дебатата, битолските земјоделци Кире Неделковски и Душко Илиевски, преку своите лични искуства ги објаснија различните видови притисоци од страна на власта, само затоа што се дрзнале јавно да проговорат за проблемите на тутунарите, односно млекарите.

Прв дел

Втор дел

Повеќе...
 

Зборно место 14: Системот не се гради преку ноќ

Процесот на перење пари, функционирањето на Управата за спречување на перење пари, како и безбедносните законски механизми, беа аспектите опфатени на 14-тата дебата од циклусот „Зборно место“, одржана на 13 јануари во ГЕМ клубот. На дебатата чиј гостин беше Ване Цветанов, а негов домаќин Владимир Милчин, присутните имаа можност од прва рака да се запознаат со појавата и процесот на спречување на перење пари.

Прв дел

Втор дел

Повеќе...
   

Јавно прашање

 


Страница 4 од 10

Најави