Насловна Вести

Зборно место „Ден потоа - насилниците во акција“: Состојбата е позагрижувачка отколку што мислиме

Случувањата од шести јуни, денот после изборите, беа главната тема на тркалезната маса „Ден потоа - насилниците во акција“ како дел од циклусот „Зборно место“ , која се одржа на деветти јуни во ГЕМ клубот.

Повеќе...
 

Зборно место во Струга: Поразот на Груевски – победа за Македонија

Недела е денот кога македонските граѓани имаат можност повторно да си ги вратат слободите и институциите, но и да му стават крај на едно ненародно и окупаторско владеење. Ова се главните пораки испратени од дебатата на ГЕМ во Струга одржана на 2-ри јуни, на само неколку дена до терминот закажан за избори.

Прв дел

Втор дел

Повеќе...
 

ГРАЃАНИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА ГЛАСАЊЕ: 30.000 граѓани се вклучија во кампањата “Гласам”

glasam-1Пред изборниот молк, Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) и Младинскиот образовен форум (МОФ) ги објавија резултатите и статистиките од кампањата “Гласам”, која ги мотивира граѓаните да излезат, да гласаат и да одлучуваат на предвремените Парламентарни избори на 5-ти јуни.

Граѓаните се свесни за вредноста на сопствениот глас, а огромен е бројот на оние кои се заинтересирани да гласаат и директно да учествуваат во унапредувањето на демократијата во Македонија.

Настаните во 10-тина градови во Македонија и интернет акцијата “Гласам” обезбедија директна комуникација и интеракција со повеќе од 30.000 граѓани.

Импресивни се бројките од интересот на фејсбук корисниците, кои во најголем број се анимираа околу конкурсот за најдобар постер и видеоклип на тема “Зошто гласам?”.
Повеќе...
 

,,ГЛАСАМ“ ОД КРИВА ПАЛАНКА ПОРАЧА: „ГЛАСАЊЕТО - ДЕМОКРАТСКО ПРАВО, НО ВО ИСТО ВРЕМЕ И ОБВРСКА“

glasam-kp-1Фондацијата Отворено општество - Македонија (ФООМ), Младинскиот образовен форум (МОФ) и  Здружението „Регионален центар за одржлив развој“ (РЦОР) – Кратово на 31 мај 2011 година во центарот на Крива Паланка организираа целодневен настан, насловен како „Гласам“, на кој ги повикаа граѓаните масовно да излезат и да гласаат на претстојните вонредни Парламентарни избори.
Повеќе...
 

Резултати од конкурсот за најдобар постер и најдобар краток видео клип на тема „Зошто гласам “

rezultati-od-konkursotВо склоп на кампањата чија цел е да ги поттикне граѓаните на Македонија масовно да излезат на претстојните предвремени Парламентарни избори 2011, беше организиран отворен конкурс за најдобар постер и најдобар краток видео клип на тема „Зошто гласам?“.

На конкурсот кој беше отворен 10 дена, пристигнаа 171 постер од 96 автори и 30 видеоклипови од 27 автори. По затворањето на рокот за пријавување, гласањето за избор на победниците се одвиваше преку фејсбук страната на кампањата “Гласам”, www.facebook.com/glasam, во периодот од 21 мај 2011 во 00:00 часот до 28 мај 2011 година во 00:00 часот.

Повеќе...
 

Виница домаќин на Зборно место: Власта удри по ситниот, прикривајќи го крупниот криминал

Денот на избори ќе биде ден за пресврт, а граѓаните преку масовна излезност ќе можат да ѝ кажат збогум на погубната политика на власта, која нè држи далеку од ЕУ и НАТО. Ова беше пораката од иницијаторите на движењето Граѓани за европска Македонија упатена до граѓаните на Виница на јавната дебата за состојбите и перспективите на Република Македонија одржана на 26 мај.

Прв дел

Втор дел

Повеќе...
 

,,ГЛАСАМ“ ОД СТРУГА ПОРАЧА: „ГЛАСАЧКАТА НАВИКА СЕ СТЕКНУВА“

glasam-struga-1Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ), Младинскиот образовен форум (МОФ) и Здружението за развој и активизам „Аква“ – Струга на 25 мај 2011 година (среда) во центарот на Струга организираа целодневен настан, насловен како „Гласам“, на кој ги повикаа граѓаните  масовно да излезат и да гласаат на претстојните вонредни Парламентарни избори.

Преку дистрибуција на брошури, беџеви, налепници и други промотивни материјали, настанот ги потсети граѓаните на демократското право, но и на демократската обврска да гласаат на денот на изборите, а со тоа директно да ја унапредат демократијата во Македонија и да ја намалат можноста за изборни нерегуларности.
Повеќе...
 

Тетовчани заинтересирани за гласањето на избори

glasam-tetovo-1ФООМ и МОФ на 21 мај 2011 година продолжија со настаните од кампањата „Гласам“, овој пат во центарот на Тетово, каде повторно ги повикаа граѓаните  масовно да излезат и да гласаат на претстојните вонредни Парламентарни избори.

Кампањата се спроведува во предизборниот период и е неопходна во време кога државата и институциите заборавија да ги потсетат и информираат граѓаните за нивните основни граѓански и демократски права.
Повеќе...
 

ЗАПОЧНА ГЛАСАЊЕТО ЗА КОНКУРСОТ “ЗОШТО ГЛАСАМ?”

konkursot-e-zatvoren-landscape4

На конкурсот за најдобар постер и видеоклип на тема “Зошто гласам?” пристигнаа 171 постери од 96 автори и 30 видеоклипови од 27 автори.

Конкурсот е затворен, а гласањето за избор на победник се одвива на фејсбук страната на кампањата “Гласам”, www.facebook.com/glasam.
Решенијата со најголем број „лајкови“ ќе се сметаат за победници, а секој обид за злоупотреба на гласањето ќе биде санкциониран од страна на организаторот на конкурсот.

Сите идејни решенија кои се натпреваруваат на овој конкурс можете да ги прегледате и во галеријата за конкурсот на веб страната www.glasam.org:

http://www.glasam.org/konkurs/galerija
http://www.glasam.org/konkurs/pristignati-video-spotovi

Гласањето на Фејсбук е отворено до 29.05.2011, заклучно со полноќ, а победниците ќе бидат официјално објавени на 1.06.2011 година.

ГЛАСАЈТЕ ДЕНЕС, А НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ ДА ГЛАСАТЕ И НА 5-ТИ ЈУНИ!
 

ГЕМ во Кратово: На 5-ти јуни Македонија треба да се ослободи

Трибината на иницијативата Граѓани за европска Македонија - ГЕМ, одржана во Кратово на 19-ти мај, помина во знакот на охрабрување на граѓаните на кратовскиот регион, да расчистат со нивната очајна сегашност и конечно да му стават крај на заложништвото кое трае повеќе од три децении.

Прв дел

Втор дел

Повеќе...
 

„ГЛАСАМ“ во Штип

stipФондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ), Младинскиот образовен форум (МОФ) и Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип (ФРЛЗ) на 18.05.2011 (среда) на плоштадот „Слобода” во Штип ја продолжија серијата интерактивни настани од кампањата „Гласам“. ФООМ, МОФ и ФРЛЗ ги повикаа граѓаните масовно да излезат и да гласаат на претстојните вонредни Парламентарни избори.

Преку дистрибуција на брошури, беџеви, налепници и други промотивни материјали, настанот ги потсети граѓаните на демократското право, но и на демократската морална обврска да гласаат на денот на изборите, а со тоа директно да ја унапредат демократијата во Македонија и да ја намалат можноста за изборни нерегуларности.
Повеќе...
 

ГРАЃАНИТЕ МАСОВНО ДА ИЗЛЕЗАТ НА ИЗБОРИ

IMG_4077Преку дистрибуција на брошури, беџеви, налепници и други промотивни материјали, целодневниот јавен настан „Гласам“ ги потсети граѓаните на демократското право, но и на демократската обврска да гласаат на денот на изборите, а со тоа директно да ја унапредат демократијата во Македонија и да ја намалат можноста за изборни нерегуларности.

Настанот „Гласам“ кој се одржа на 15 мај 2011 (недела) во центарот на Скопје беше организиран од Фондацијата Отворено општество - Македонија (ФООМ) и Младинскиот образовен форум (МОФ).
Повеќе...
 

Зборно место во Радовиш: Владеењето на актуелната влада е елементарна непогода

Актуелната власт за само пет години успеа да го удвои државниот долг, а притоа да не направи ниту еден капитален проект, реалноста ја замени за реклами, а притисоците и теророт беа нејзин препознатлив знак. Ова се само дел од заклучоците на последната дебата „Зборно место“ која во организација на ГЕМ се одржа на 12-ти мај во Радовиш.

Прв дел

Втор дел

Повеќе...
   

Видео: Гласам

 

Зборно место во Валандово: Вистинската борба претстои по петти јуни

Што да очекуваме до петти јуни, а што треба да се направи по денот на изборите? На овие прашања како и на актуелната предизборна корупција од централната и локалната власт, беше ставен фокусот на дебатата „Зборно место“ одржана на петти мај во Валандово.

Прв дел

Втор дел

Повеќе...
 

ГЕМ во Ростуша: „Отчет“ е врв на ВМРО-вската ароганција и самобендисаност

Последната од низата дебати на „Зборно место“ одржана во Ростуша на 28-ми април беше фокусирана на „Отчет“, последниот проект на ВМРО-ДПМНЕ како и актуелните случувања со колумнистите во „Дневник“.

Прв дел

Втор дел

Повеќе...
 

Битола домаќин на „Зборно место“: Власта фаворизира погрешни вредности

Во позитивна атмосфера и со оптимистички поглед кон петти јуни, помина дебатата на ГЕМ одржана на 19-ти април во Битола. Од преполната сала во која присуствуваа над 500 гости од Битола и околината, беше испратена порака дека граѓаните веќе без страв се соочуваат со погубната политика на власта и решени се да и стават крај.

Повеќе...
 

„Зборно место“ во Пробиштип: Македонија повторно е темен вилает

Денес во Македонија владеат партиски институции, а граѓаните станаа заложници на сиромаштијата и стравот. Народот е сé повеќе поделен и поисплашен. Ова се дел од заклучоците на учесниците на дебатата „Зборно место“, одржана на 14-ти април во Пробиштип.

Прв дел

Втор дел

Повеќе...
 

ГЕМ во Кичево: Да не се повтори амнестијата од 2002

Економскиот и националниот пораз кој го доживува актуелната власт, како и политичката поделеност во сите сфери, беа аспектите на дебатата „Зборно место“ одржана на 7-ми април во Кичево. Дебатата помина во конструктивна размена на аргументи од страна на двестотната публика од Кичево, Пласница, Македонски брод и Другово.

Прв дел

Втор дел

Повеќе...
 


Страница 3 од 10

Најави