Насловна Вести

Промоција на книгата „Штазиленд“

Минатото на Источна Германија не смее да стане иднина на Македонија

stazilendОтворајќи ја промоцијата, извршниот директор на ФООМ, Владимир Милчин го потенцираше задоволството што на 20- годишнината од формирањето на Фондацијата, е издадено едно вакво дело кое преку комбинација од книжевна и фактографска форма, ни го доловува функционирањето на Штази, најтемелната и најорганизираната тајна служба во светот и нејзината репресија врз граѓаните. Милчин, правејќи споредба со предлог – измените на Законот за лустрација и неговото досегашно спроведување, порача дека постои голема опасност иднината на Македонија да стане иста како минатото на Источна Германија.
Повеќе...
     

Архитектурата како историја, историјата како архитектура

Деновиве сме соочени со уште еден обид македонската владејачка гарнитура да си поигрува и бескрупулозно да ја сквернави историјата на Република Македонија, а пред сè, да си поигрува со демократските начела, симулирајќи псевдо-демократија преку интернет анкета.
Обидот на македонската влада насилно, низ квазидемократска процедура, да ја промени фасадата на еден од симболички најважните објекти во Скопје и Македонија, сегашното седиште на Владата на Република Македонија, а поранешен Централен Комитет на комунистичката партија, заслужува јавна расправа.
Повеќе...
 

Лустрацијата не смее да се однесува на политичка чистка

Лустрацискиот процес во Македонија е еден од неколкуте во регионот кој отиде во погрешна насока, или со други зборови, тој стана алатка во рацете на власта за стигматизација на нејзините непријатели.

Од Хералд Шенкер
Скопје, 27 јануари 2012 година

Општествата контаминирани со тоталитаристичка манипулација треба да се исчистат. Оваа вистина толку е едноставна колку што е невозможна за реализација. Јас не познавам ниту еден случај на лустрација кој мина неоспорен од страна на поранешните сторители. Проблемот е во демократиите каде и поранешните манипулатори имаат право на глас, дури и по нивната лустрација, судската осуда, или каква било друга мерка изречена против нив.
Повеќе...
 

Политичкото „чистење“ во Македонија се соочува со испит пред суд

Од МЕТЈУ БРУНВАСЕР
Објавено во Њујорк Тајмс на 24 јануари 2012 година

Повеќе од 20 години откако поголемиот дел од Источна Европа го чистеше јавниот живот на агентите, известувачите и другите приврзаници на комунистичкиот систем, сега на ред е Македонија.

Владата, со седиште во Скопје, е во завршната фаза од спроведувањето на нејзината широка програма, принудувајќи ги луѓето од најразлични професии на давање заклетва дека не биле соработници, и предизвикува судир со највисокиот суд на државата, којшто ја прегледува уставноста на мерката.

Во рамките на оваа мерка, новинарите и вработените во невладините организации, политичките и верските организации се обврзани да поднесат изјава до 31 јануари во врска со тоа дали некогаш соработувале со службите за државна безбедност.
Повеќе...
 

Зборно место „Соучесници во злосторот“

Актуелната пресуда во случајот на Мартин Нешкоски, и не проширување на истрагата врз други чинители и соучесници на кривичното дело, беше тема на дебатата „Соучесници во злосторот“ од циклусот „Зборно место“, одржана на 19-ти јануари во ГЕМ Клубот.

Повеќе...
 

„Зборно место“ со гости од Хрватска: Мора да се избориме за поширок граѓански активизам

На дебатата од циклусот „Зборно место“, одржана на 15-ти декември 2011 година, свои излагања имаа Теодор Целакоски, од иницијативата Право на град, од Загреб и Емина Вишниќ, раководител на првата хибридна институција во регионот, „Погон - центар за независна култура и млади.“ Гостувањето на Вишниќ и Целакоски, според домаќинот на дебатата Искра Гешовска, е знак да се соберат последните сили за создавање на самоорганизирана група која би се спротивставила на моменталната ентропија.

Видео

Повеќе...
 

Зборно место: Процесот против Бошкоски полн со нерегуларности

Апсењето, судскиот процес и пресудата против лидерот на Обединети за Македонија Љубе Бошкоски, се полни со недостатоци и отстапки од правните норми, што е само доказ дека целиот случај е политички монтиран. Ова е генералниот заклучок од дебатата одржана на 13-ти декември во ГЕМ Клубот.

Видео

Повеќе...
 

Македонија што побрзо да ја искористи пресудата од Хаг

Владата мора што побрзо да ја материјализира поволната пресуда од Судот во Хаг, бидејќи со тек на времето, пресудата ќе губи од својата вредност и актуелност. Ова е пораката од дебатата „Правните и политичките прашања поврзани со пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг“ која се одржа на 10 декември во ГЕМ Клубот.

Повеќе...
 

ПОВИК ЗА ПРОТЕСТ ЗА СПАС НА ВЕЛЕС

Велес е соочен со еден од најголемите предизвици во своето постоење низ вековите! Да дозволи да продолжи да му се врши еколошки геноцид или да живее во здрава животна средина?!

На Велес му е потребна помош и поддршка за никогаш повеќе да не умираат родилките, да не се раѓаат деца „чудовишта“, да нема морталитет поголем од наталитет, да нема хронични заболувања кои во светот се мерат во промили, а кај нас со двојни проценти...!!! Велес сака да го нема Еколошкиот ФИРЕР, да ја нема Куртизаната која убива, ВЕЛЕС БАРА ПОМОШ И ПОДДРШКА ЗА ДОБРА И ЗДРАВА ИДНИНА!!!

Ние во Велес се обединивме СИТЕ, нема страна, ни структура што го сака терористот ТОПИЛНИЦА!!! ВЕ ПОВИКУВАМЕ и Вас за да им покажеме на сите власти и на сите профитери дека МАКЕДОНИЈА не е земја и држава без корен и дека има кој да ја одбрани!!! СИТЕ кои можете и сакате доброволно, свесно и братски поддржете нè во нашата ФИНАЛНА БИТКА ПРОТИВ ТОПИЛНИЦАТА!!!

ЗАТОА... на 9 ноември 2011 година (среда) со почеток во 17.00 часот дојдете на протест на плоштад Сармаале (во центарот на градот)!!! Со вашето присуство!!!

Зелена коалиција Велес


 

70 години антифашизам - борбата продолжува!

Сојузот на борците, поддржан од неколку организации, меѓу кои и „Ленка“, „Плоштад слобода“, „Граѓани за европска Македонија“, во градскиот парк во Скопје го одбележа големиот јубилеј, 70 години од почетокот на антифашистичката борба на македонскиот народ. Собирот се одржа под мотото „Фашизмот и денес не е мртов! Борбата продолжува!“.

Никола Наумоски од „Плоштад слобода“ истакна дека тие се против сите деривати на фашизмот кои се случуваат во Македонија, особено национализмот и неговите манифестации.

Повеќе...
 

Промоција на книгата „Античка сегашност“ од Анастас Вангели

На 25 август во вечерните часови во ГЕМ клубот беше одржана промоција на книгата на Анастас Вангели, „Античка сегашност, осврт кон грчко-македонскиот спор за Александровото наследство“.

Повеќе...
 

Зборно место: Бројни манипулации во процесот на лустрацијата

Нестручност на кадрите, пропусти во докажувањето на точноста на одредени досиеја, како и недостаток на клучни докази со кои се докажува соработнички однос, се само дел од инструментите со кои може да се врши манипулација врз процесот на лустрација. Ова е генералниот заклучок на 37-мата дебата одржана на 25-ти август во клубот ГЕМ, насловена како „Манипулации со лустрацијата.“

Повеќе...
 

Зборно место: Лустрацијата – хајка врз неистомислениците

Политичка злоупотреба и хајка против неистомислениците. Вака беше окарактеризиран процесот на лустрација, на дебатата „Злоупотреба на лустрацијата“ одржана на 11-ти август во ГЕМ клубот, а чиј модератор беше Жарко Трајаноски.

Прв дел

Втор дел

Трет дел

Повеќе...
 

Владимир Милчин бил жртва на прогон, а не соработник на тајните служби: Главната цел е дискредитација на ФООМ како бранител на демократијата во Македонија

VA2_9703Извршниот директор на ФООМ, Владимир Милчин, на прес-конференцијата одржана на 25 јули 2011 година, во клубот ГЕМ, категорично ги отфрли информациите објавени во медиумите дека бил соработник на тајните служби во поранешна Југославија. Во прилог на демантот Милчин ги обелодени документите добиени од Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање (ДБК) во 2000 година, со кои се потврдува дека извршниот директор на ФООМ бил предмет на обработка на тајните служби, дека во ДБК има „лично досие од политички и идеолошки причини“ и се констатира дека „немал никаков однос со органите за внатрешни работи“. Едновремено, Милчин потврди дека во 2000 година, во согласност со Законот за увид во личните досиеја и законската процедура, го подигнал своето досие, од кое јасно и недвосмилено се потврдува дека бил долгогодишна жртва на прогон и дека се до јули 1987 година постојано бил следен и прислушуван.

Повеќе...
 

Официјално соопштение на Фондацијата Отворено општество

ЊУЈОРК – Фондациите Отворено општество беа информирани за неодамнешните написи кои му се припишуваат на The Wall Street Journal каде лажно се тврди дека Џорџ Сорос ги разгледува можностите за инвестирање во рудници со јаглен на Косово. Г-нот Сорос нема никакви инвестиции поврзани со рудници на Косово.

Според нашите сознанија, за извор на оваа гласина се наведува напис од Интернет изданието на The Wall Street Journal и таа не е поврзана со известувањата на овој весник.

Повеќе...
 

Проекција на документарец и дебата „Европа пред бездната – прекрасниот свет на Алберт Кан“

На 30 јуни 2011 година, во ГЕМ клубот се одржа проекција на епизода од документарниот циклус на Би-Би-Си за францускиот пацифист и банкар Албер Кан, кој во првата половина од дваесетиот век создал огромна фотографска архива за планетата, со цел да промовира мир и да ја документира културната разновидност во светот. Колекцијата за Европа го овековечува појавувањето на големите унифицирани национални култури, заради кои исчезнува богатиот мозаик на регионални јазици и локални идентитети ширум континентот.

Повеќе...
 

Медиумско огледало: Новинарството е мртво - да живее пропагандата

debata-1Целосна поделеност на медиумите, селективност на информирање, но и висок степен на непотпишани, и текстови кои се неизбалансирани и содржат само еден извор, се дел од забелешките внесени во мониторингот „Медиумско огледало“ а кој се однесува на следењето на изборниот процес на осум печатени, и исто толку електронски медиуми.

Освен високата застапеност на непотпишани текстови, што според Роберто Беличанец е знак за бегање од одговорноста, прилозите на медиумите  се карактеризирале со низок степен на аналитичност, но и деперсонализирање на политиката, односно недостаток од интервјуа и портрети на одредени политички кандидати, како и слаба посветеност на субјектите во изборите кои не се дел од партиските матрици односно занемарување на ДИК, СРД и независните експерти.
Повеќе...
 

Мерсел Биљали: „Плоштади“

Луѓето најлесно биваат срамно поразени ако ги мобилизираме за голема победа. Ако на сите страни фрлиме лажни лопати. Со толку многу лопати имаат шанси да не погребаат. Но, важно е дека нешто градиме. Власта гради грандиозни споменици веројатно за да ја маскира суровата реалност, која е еднаква на општата несреќа. Спомениците мора да бидат многу големи со цел луѓето да се чувствуваат многу мали, маргинални, незначајни, немоќни и инфериорни. Вообичаено, тоталитарните режими се тие што градат џиновски објекти со цел полесно да ги покорат луѓето.

Повеќе: http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=2337&ArticleID=162393

Објавено во Време на 17.06.2011
 


Страница 2 од 10

Најави