Насловна Вести

Граѓаните порачуваат: Власта нема право да ни ја одземе иднината!

Движењето граѓани за Европска Македонија, од утре (вторник), 17 февруари 2009 година, ќе ја продолжи серијата средби и разговори со граѓаните за состојбите и перспективите на Република Македонија. Трибините ќе започнуваат во 17 часот, и ќе се одржат во следниве градови:

17.02.2009 (вторник), Битола, Младински културен центар
18.02.2009 (среда), Куманово, сала на Совет на Општина Куманово
19.02.2009 (четврток), Струга, Дом на културата
20.02.2009 (петок), Кичево, Дом на културата
Повеќе...
 

Движењето Граѓани за Европска Македонија на трибина во Струмица

StrumicaВредностите кои ги промовира власта нè оддалечуваат од европските вредности.

Повеќе...
 

Движењето Граѓани за Европска Македонија на трибина во Штип

StipДвижењето Граѓани за Европска Македонија промовира единствена политичка идеја: Македонија во ЕУ! Идејата за Македонија во Европа значи интеграција, наспроти сегашната политичка, етничка и верска сегрегација. Затоа, македонските граѓани без страв треба да бараат одговорност од политичарите.
Повеќе...
 

Движењето Граѓани за Европска Македонија на трибина во Велес

VelesМакедонија ги изгуби основните демократски вредности. Слободата не постои, таа е заменета со цензура и самоцензура. Наместо култ кон Уставот и уставните принципи, во Македонија се гради култ на личноста. Мегаломанијата на актуелната власт го гази македонскиот дух и ги затвара сите врати кон Европа и кон иднината.
Повеќе...
 

Движењето Граѓани за Eвропска Македонија стартуваше со трибина во Скопје

SkopjeДенес Македонија е држава која се повикува на Европската унија, но се движи во спротивна насока односно во самоизолација. Ткивото на македонската демократија е разјадено. Наместо почитување и практикување на основните демократски принципи кои се загарантирани и со Уставот на Република Македонија, македонските граѓани живеат во полудиктатура исполнета со страв и постојана пропаганда.

Повеќе...
 


Страница 10 од 10

Најави