Насловна Вести

Движењето Граѓани за Европска Македонија на трибина во Гостивар

САМО АКТИВЕН ГРАЃАНСКИ СЕКТОР МОЖЕ ДА ВЛИЈАЕ ВРЗ ВЛАСТА

gostivar slika Иницијаторите на Движењето Граѓани за Европска Македонија (Мерсел Биљали, Никола Гелевски и Владимир Милчин) и поддржувачите Џевдет Хајредини и Дамјан Здравев, синоќа (среда, 13 мај 2009), во Центарот за култура во Гостивар, разговараа со граѓаните на Гостивар за актуелните проблеми и за европските перспективи на Македонија.

Повеќе...
 

Граѓани за Европска Македонија

ПОКАНА ЗА ТРИБИНА

Почитувани,

Ве покануваме на трибина која ќе се одржи во среда, 13 мај 2009 година, во Центарот за култура во Гостивар, со почеток во 18.30 часот.

Трибината ја организира граѓанската иницијатива „Граѓани за Европска Македонија”, започната од страна на шестмина интелектуалци (Мерсељ Биљали, Никола Гелевски, Бранко Героски, Владимир Милчин, Жарко Трајаноски и Роберто Беличанец), кои го објавија „Манифестот за Европска Македонија” и во февруари говореа за него на серија трибини низ земјата.

Основната идеја на оваа иницијатива е да поттикне интензивна граѓанска дебата за состојбите и перспективите на Република Македонија.

Ве молиме вашето присуство да го пријавите на тел. (02)3113966 или по e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите најдоцна до 12 мај 2009 година (вторник) до 12 часот.

Со почит,

„Граѓани за Европска Македонија“

 

 

Движењето Граѓани за Европска Македонија на трибина во Охрид

Граѓаните треба да живеат во реална демократија, а не во диктатура

VAN_0194Иницијаторите на Движењето Граѓани за Европска Македонија (Мерсел Биљали, Никола Гелевски, Владимир Милчин, Роберто Беличанец) и поддржувачите Ирена Стефоска и Дамјан Здравев, на 8 мај (петок), во салата на Советот на Општина Охрид, повеќе од два часа разговараа со граѓаните на Охрид за проблемите и перспективите на Македонија.

Повеќе...
 

ДВИЖЕЊЕТО ГРАЃАНИ ЗА ЕВРОПСКА МАКЕДОНИЈА ПОВТОРНО ВО АКЦИЈА!

Движењето „Граѓани за Европска Македонија“, по успешната реализација на „февруарскиот поход“, повторно е во АКЦИЈА.

Доколку сте загрижени за иднината на нашата татковина и доколку сакате да дискутирате за актуелните состојби и перспективи на Република Македонија на патот кон Европа, ве покануваме да присуствувате и активно да учествувате на серијата мајски трибини низ целата држава:

8 мај (петок),  ОХРИД, сала на општина Охрид, 18.30 часот
- 13 мај (среда), ГОСТИВАР, Центар за култура, 18.30 часот
- 15 мај (петок), РЕСЕН, сала на Општина Ресен, 18.30 часот
- 20 мај (среда), ГЕВГЕЛИЈА, Пионерски дом, 18.30 часот
- 22 мај (петок), БЕРОВО, сала на Општина Берово, 18.30 часот
- 27 мај (среда), КАВАДАРЦИ, сала на Општина Кавадарци, 18.30 часот
- 29 мај (петок), ВЕВЧАНИ, сала на Општина Вевчани, 18.30 часот

Трибините ги организира граѓанската иницијатива „Граѓани за Европска Македонија”, започната од страна на шестмина интелектуалци (Мерсељ Биљали, Никола Гелевски, Бранко Героски, Владимир Милчин, Жарко Трајаноски и Роберто Беличанец), кои го објавија „Манифестот за Европска Македонија”. Манифестот досега го поддржаа над 2000 граѓани кои сакаат Македонија што е можно побрзо да стане членка на Европската унија.

 

Граѓаните за Европска Македонија на трибина со амбасадорот Фуере

Владата мора да соработува со граѓанскиот сектор

22042009tribinaДвижењето Граѓани за Европска Македонија, денеска, со трибината на која учествуваше aмбасадорот на Европската унија, Ерван Фуере, во Скопје, го започна вториот дел од активностите посветени на европските перспективи на Македонија.

Амбасадорот Фуере, пред 400 граѓани и претставници на граѓанскиот сектор од Скопје, Кичево, Дебар, Струга, Струмица, Велес, Кратово, Крива Паланка, Штип, Кочани, Делчево, Гевгелија, Неготино, Прилеп, Битола и Ресен, истакна дека Македонија ќе добие препорака за датум за започнување на преговорите за влез во ЕУ доколку ги реализира поставените репери. „Без успешни реформи Македонија нема да има политичка стабилност, функционална демократија, професионална деполитизирана државна администрација и одржлив економски развој“, рече Фуере и нагласи дека не е важна брзината и квантитетот на донесените законски решенија, туку, нивниот квалитет и мерките за нивна реализација. Амбасадорот на ЕУ е свесен  за фактот дека македонските граѓани се исклучително посветени на идејата за Европска Македонија и затоа упати апел до Владата да ја поттикне и да ја поддржи јавната дебата за европските перспективи на државата. Во граѓанскиот сектор постои голема енергија и капацитет, кои доколку правилно се канализираат веќе утре може да ја внесат Македонија во ЕУ, констатира Фуере и ја потсети Владата дека Стратегијата за соработка со граѓанскиот сектор сеуште претставува само обичен лист хартија. Граѓанските иницијативи и натамошниот развој на граѓанскиот сектор се од исклучително значење за секоја функционална демократија и токму затоа, најави Фуере, ЕУ во наредниот период ќе издвои средства за поддршка на граѓанскиот активизам.  

Одговарајќи на бројните прашања од присутните граѓани, Фуере рече дека добрососедските односи треба да се негуваат и дека е можно решение за проблемот со името, а изрази и надеж дека македонските граѓани наскоро ќе патуваат во ЕУ без визи. Едновремено, Фуере нагласи дека кај македонските граѓани мора да се врати довербата во институциите на државата и заклучи дека секој обид за поткопување на независноста на Уставниот суд е исклучително опасен и недемократски чин.

 

ТРИБИНА: ГРАЃАНИТЕ ДЕБАТИРААТ ЗА ЕВРОПСКА МАКЕДОНИЈА

Граѓанската иницијатива „Граѓани за Европска Македонија” организира трибина со Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Ерван Фуере.

Трибината ќе се одржи во среда, 22 април 2009 година, во хотелот „Холидеј Ин”, сала Милениум, со почеток во 12 часот.

Идејата на оваа трибина е да поттикне интензивна граѓанска дебата за перспективите на Македонија во процесот на приближување кон Европската Унија и за улогата на граѓанското општество во забрзувањето на овој процес.

 

Невладините организации го осудија насилството врз студентите на скопскиот плоштад

„Насилниот исход на овој мирен протест претставува сериозна закана за демократските процеси во земјава“ е пораката што на вчерашната прес-конференција ја испратија група активисти за заштита на човековите права од десетина здруженија на граѓани.

На прес-конференцијата, одржана на 30 март 2009 во Културниот центар “Точка“, активистите за човекови права побараа од Министерството за внатрешни работи да поднесе кривични пријави против оние што во саботата на плоштад Македонија во Скопје физички ги нападнаа студентите од Архитектонски факултет. Студентите, на протестот „Прво архитектонско востание“ на 28 март 2009, бараа да не се гради црква меѓу ресторанот "Дал мет фу" и трговскиот центар "Сити галери".
Повеќе...
 

Соопштение

Драги Сограѓани,

crkvata_na_plostadВреме е за ПРВОТО АРХИТЕКТОНСКО ВОСТАНИЕ под мотото
НЕ ГО СИЛУВАЈТЕ СКОПЈЕ!
ВОСТАНИЕТО го иницираме, ние: ПРВА АРХИ БРИГАДА -студентите од Архитектонски факултет, поддржани од сите истомисленици и луѓе изреволтирани од неконтролираното разобличување на градот.
Целта на востанието е да ја кренеме јавната свест за несоодветната, нелогична и произволна поставеност на градежната парцела предвидена за верски објект – црква, која се наоѓа на пресекот на историската оска север-југ со новиот правец на ширење на градот, исток-запад.
ВОСТАНИЕТО ќе се случи на 28.03.2009 (сабота) во 12:00 часот, на плоштадот Македонија, на самата локација предвидена за изградба на објектот.
Периметарот на локацијата ќе биде дефиниран со жив ѕид, од страна на членовите на ПРВА АРХИ БРИГАДА. СИТЕ ШТО ЌЕ ДОЈДЕТЕ – ВЛЕЗЕТЕ ВО ОЗНАЧЕНИОТ ПРОСТОР И ПОМОГНЕТЕ НИ ДА ЈА ИСПОЛНИМЕ СО ЛУЃЕ ЦЕЛАТА ПАРЦЕЛА!
Целта на ограничувањето и исполнувањето на парцелата е да се доловат нејзините реални димензии и негативното влијание што таа ќе го има на контекстот , односно на градскиот плоштад.
Организацијата на ВОСТАНИЕТО е во соработка со Прогресивен млад синдикат, група млади луѓе со кои делиме исти ставови – дека плоштадот во главниот град е јавен простор и дека тој подеднакво му припаѓа на секој граѓанин на Скопје.
ВРЕМЕ Е ДА ПРЕСТАНЕМЕ ДА БИДЕМЕ ПАСИВНИ НАБЉУДУВАЧИ НА ОНА ШТО МУ СЕ СЛУЧУВА НА НАШИОТ ГРАД И ДА СТАНЕМЕ АКТИВНИ КРЕАТОРИ НА НЕГОВАТА ИДНИНА!
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ!
 

Тетово: Влезот во ЕУ е излез од македонското гето

tetovoИницијаторите на движењето Граѓани за Европска Македонија (Роберто Беличанец, Жарко Трајаноски, Мерсел Биљали, Бранко Героски и Никола Гелевски) синоќа, се сретнаа и разговараа со граѓаните на Тетово, за состојбите и перспективите на Македонија.
Повеќе...
 

Скопје: Национализмот не смее да биде „ѕвезда водилка“ за младите во Македонија

Македонија мора да биде земја на граѓани кои живеат слободно и без страв. Таа мора да биде држава во која ќе владеат европските вредности и која ќе биде пристојно место за живеење на сегашните, но и на идните генерации.

Повеќе...
 

Реакција по повод информацијата на МВР – „По нарушувањето на јавниот ред и мир во Домот на културата во Струга: Прекршочни пријави против 10 лица“

Утрото по немилиот инцидент во Струга од 19.02.2009, тројца претставници од граѓанската иницијатива „Граѓани за Европска Македонија“ (Жарко Трајаноски, Бранко Героски, Владимир Милчин) го пријавија настанот во СВР Охрид. На приемот кај љубезниот охридски Комесар за јавен ред и мир го опишавме инцидентот и побаравме МВР да преземе соодветни мерки против насилниците. Укажавме дека неколку лица го спречија јавниот собир (седмиот дијалог со граѓаните што требаше да се одржи во Струга) упатувајќи сериозни закани за употреба на сила, како и клевети и навреди кон организаторите. На прашањето зошто не сме го пријавиле настанот во Струга, одговоривме дека не сме се чувствувале безбедно.

Повеќе...
 

Граѓаните бараат европска иднина за себе и за идните генерации

Иницијаторите на движењето Граѓани за Европска Македонија на одржаните трибини во Скопје, Велес, Штип, Струмица, Битола, Куманово, Кичево, Дебар, Кочани и Тетово, разговараа со граѓаните за состојбите и перспективите на Македонија. Движењето го зaвршува тринеделниот „февруарски поход“ низ државава со трибината во Скопје, в сабота, 28.02.2009 година, во х. Алаксандар Палас (конгресна сала 3) во Скопје, со почеток во 18 часот.
Повеќе...
 

Кочани: Јавен апел против цензурата и замолчувањето на медиумите

Иницијаторите на Движењето Граѓани за Европска Македонија (Роберто Беличанец, Жарко Трајаноски, Мерсел Биљали, Бранко Героски и Никола Гелески) заедно со новинарот Иван Бојаџиски, синоќа, се сретнаа и разговараа со граѓаните на Кочани и Делчево, за состојбите и перспективите на Македонија. Мултикултурниот центар беше исполнет до последното место и атмосферата за дискусија беше пријателска и конструктивна.

Повеќе...
 

Покана за трибина

Почитувани,

Ве покануваме на трибина на движењето „Граѓани за Европска Македонија“ која ќе се одржи во сабота, 28 февруари 2009 година, во х. „Александар Палас“, конгресна сала 3, со почеток во 18 часот.

Со оваа трибина, иницијаторите на движењето (Бранко Героски, Мерсел Биљали, Никола Гелевски, Владимир Милчин, Жарко Трајаноски и Роберто Беличанец) го завршуваат тринеделниот „февруарски поход“. Тие одржаа трибини во Скопје, Велес, Штип, Струмица, Битола, Куманово, Кичево, Дебар, Кочани и Тетово, на кои разговараа со граѓаните за состојбите и перспективите на Македонија.

„Манифестот за Европска Македонија“ го поддржаа над 1200 граѓани на Република Македонија.

Со почит,
„Граѓани за Европска Македонија“

 

Дебар: Власта демонстрира недемократско и сегрегирачко однесување кон граѓаните

debar_DSC_0013webИницијаторите на движењето Граѓани за Европска Македонија, на својот „февруарски поход“, синоќа се сретнаа со граѓаните на Дебар. Трибината на која Роберто Беличанец, Никола Гелевски, Бранко Героски, Жарко Трајаноски и Владимир Милчин, разговараа со граѓаните за состојбите и перспективите на Mакедонија, помина без какви било инциденти и провокации.

Повеќе...
 

Кичево: Никој нема право да ни ја одземе слободата на говорот!

„Февруарскиот поход“ на движењето Граѓани за Европска Македонија, по  струшкиот инцидент, во петокот вечерта, продолжи со трибина во Кичево. Во преполната сала на Домот на културата, мала група граѓани со провокации, лични навреди, клевети и инсинуации насочени кон организаторите, се обиде да ја  минира и оваа трибина.

Повеќе...
 

Инцидент на трибината во Струга

In English: Struga debate incident

Вчера, во 17 часот, во Домот на културата во Струга, беше закажана трибина на нашата инцијатива Граѓани за европска Македонија. Дојдовме во Струга со добра волја и со искрена намера со стружани да поразговараме за европските перспективи на Македонија. Не пречекаа стотина граѓани од овој град, но и граѓани на Дебар и Охрид, кои дојдоа да учествуваат на трибината.

За жал, група од дваеесеттина присутни, дојдени со очигледна намера да го спречат нашиот дијалог со стружани и да предизвикаат инцидент, почнаа да се однесуваат насилно, брутално навредувајќи не и заканувајќи ни се дека од Струга жива глава нема да извлечеме. Да биде уште пострашно, инцидентот се закануваше да премине во вербална, а бездруго и физичка пресметка меѓу присутните. За атмосферата во која требаше да почне оваа трибина живо сведочат и видео-снимките што нашиот снимател успеа да ги сними, соочен со остри закани и притисоци.

Повеќе...
 

Struga debate incident

Yesterday, as part of our initiative "Citizens for European Macedonia" we scheduled a debate at 17:00 in Struga. We came to Struga with our good will and sincere intentions to discuss Macedonia's European perspectives with Struga citizens, and we were welcomed by hundreds of citizens from Struga, Debar and Ohrid.

Unfortunately, among the attendees was also a group of twenty people, with a clear intention to prevent us from having the dialogue with the citizens of Struga and cause an incident; they started to behave violently and brutally, threatening that we would not leave Struga alive. It could have been worse and the verbal incident could have easily escalated into a physical one among the attendees. Our cameraman recorded the developments and the atmosphere in Struga, despite the serious threats addressed at him.

Considering the possibility of escalating into a serious incident, which is the last thing Struga needs right now, given the eruptions of the inter-ethnical tensions in the past weeks, we decided to cancel the debate and apologize to the benevolent attendees. In the behavior of the present hooligans we have easily recognized the scenario of political and police groups to turn our debate into another dispute and bloody feast among Struga citizens.

We immediately informed Ramiz Merko, the mayor of Struga, expressing our deep disappointment because of the incident in Struga, the city that hosted all benevolent people and poets during the past decades. Mr. Merko informed us that local authorities know very well who is behind the plans to cause insecurity. If this is the case, we're expecting from the local authorities and the central government to find the ones responsible for ordering and organizing this incident, shameful for the city of Struga.

Moreover, we would like to emphasize that these staged and uncivilized actions organized by people with evident bad intentions with political motives, are certainly not helping in creating the democratic climate ahead of the upcoming elections, which are the key test for Macedonia's democracy and progress on the way to Europe.

Zharko Trajanoski
Nikola Gelevski
Mersel Bilalli
Branko Geroski
Roberto Belicanec
Vladimir Milcin

More comments and discussions (in Macedonian)

ТВ А1 - Поради закани откажана трибина
Утрински весник -  Поради инцидент откажана трибина во Струга

Блогови:
Слобода или ништо - Кукавички напад врз Граѓаните за европска Македонија во Струга
Зомбификација © - Тажен ден за демократијата во Струга
Волан - “Соросоидите“ - нападнати во Струга ... трибината не е одржана - насилно е прекината ...
Развигор ;-) - Струга: Насилно прекината трибината на Граѓани за Европска Македонија

 

Македонија веќе не им верува на лажните ветувања на власта

Трибина во Куманово

Салата на Советот на општина Куманово, синоќа, беше мала за да ги собере сите граѓани од Куманово, Липково, Кратово и Крива Паланка кои сакаа заедно со иницијаторите на движењето Граѓани за Европска Македонија да разговараат за состојбите и перспективите на државата. Граѓаните се прашуваат дали претстојните избори ќе бидат фер и демократски како што од нас очекува и бара меѓународната заедница.

Повеќе...
 

Власта ги уништува основните демократски вредности и принципи

Трибина БитолаИницијаторите на движењето Граѓани за Европска Македонија, на синоќешната трибина во Битола, два часа дискутираа и полемизираа за состојбите и перспективите на Македонија.
Повеќе...
 


Страница 9 од 10

Најави