Насловна Вести

„Зборно место“ во ГЕМ : Предоцна е за лустрација - нам ни треба отворање на историјата

Со втората дебата, на 7 октомври, насловена „Санитарна енигма (или Нашата лустрација 2)” продолжи циклусот јавни разговори „Зборно место“, во организација на иницијативата „Граѓани за европска Македонија“. И овој пат, фокус на разговорите беше лустрацијата во Македонија, но од еден поинаков, интимен агол.

Прв дел

Втор дел

Повеќе...
 

„Зборно место“ во ГЕМ клубот : Лустрацијата сведена на гласање

Со дебатата „Нашата лустрација“, на 30 септември во ГЕМ клубот, започна циклусот јавни разговори „Зборно место“, во организација на иницијативата „Граѓани за европска Македонија“.

Прв дел

Втор дел

 

Повеќе...
 

Изродба во 100 чекори

или како владееја „преродбениците“ четири години по седнувањето на Груевски во премиерската фотелја




 

Анализа на дисперзијата во високото образование

На 23 август во ГЕМ клубот Фондацијата Институт отворено општество-Македонија одржа конференција за печат на која беа презентирани наодите од анализата на ФИООМ за дисперзираните студии.

Вкупниот број на факултети во државава (приватни, државни и дисперзирани) е зголемен безмалку за трипати (од 38 во 2004 г. на 99 во 2009 г.). Ваквата еуфорична дисперзија на високото образование отпочна со декрет на Владата, без анализа за вистинските потреби на пазарот на трудот и расположивите ресури на универзитетите, без соодветна стручна јавна дебата и без обезбедени услови (соодветни простории, соодветен наставен кадар итн.) –рече проф. д-р Зоран Т. Поповски кој ги презентираше клучните наоди од анализата. Процесот на дисперзија се соочува со бројни недостатоци и ќе има далекусежни последици по високото образование во РМ – од руиниран углед на академската професија, до нарушена универзитетска автономија, до многу нови универзитетски „професори“ преку ноќ, нерационално трошење на буџетски пари и што е најважно, лош квалитет на образовните услуги.
Повеќе...
 

Писмо до Комитетот

Почитувани,

Во четвртокот по којзнае кој пат демонстриравте целосно неразбирање на демократијата како систем. Како партија на власт во една формално демократска земја, повторно покажавте дека ни пет пари не давате за вашата одговорност да креирате и негувате демократски амбиент. Спротивно на тоа, вие по којзнае кој пат излеговте со списочињата в раце и со едно филмче кое требаше да докаже нешто конспиративно. А што тоа? Дека некои луѓе биле таму кај што претходно соопштиле дека ќе бидат! Ние разбираме дека правењето списоци за ликвидација има длабоки историски корени во вашата партија, уште од нејзиното формирање. Jа разбираме и најновата тоталитарна забава што ја пронајдовте неодамна, а се сведува на препораката како да се гледаат или читаат медиумите, а еве сега, и како да се сфаќаат некои личности на јавната сцена. Како сте тргнале, изгледа ќе завршите со препораки какви тапети и пердиња е пожелно граѓанинот да има во својата дневна соба и што да купи за јадење...

 

Трибина на ГЕМ во Куманово

Народот е охрабрен во борбата против фараонската политика на Груевски

Прв дел

Втор дел

Власта води конфузна политика во спорот со Грција, а различните изјави на државниците пред македонската и меѓународната јавност само ја покажуваат желбата на власта Македонија никогаш да не влезе во ЕУ и НАТО. Ова се дел од заклучоците на трибината „Можеме ли во ЕУ и НАТО без компромис?“ во организација на иницијативата „Граѓани за европска Македонија“, одржана на 29-ти јуни во Куманово.

Повеќе...
 

Говор на Жарко Трајаноски на митингот на опозицијата

Добровечер храбри и горди граѓанки и граѓани на Македонија,
Добровечер Граѓани на Европска Македонија,

Над 50 здруженија и 16 политички партии застанаа зад Декларацијата за Македонија во ЕУ и НАТО која ние ја инициравме. Владејачките партии не ја потпишаа декларацијата. Груевски јавно излажа дека не добил покана. Зар тие што водеа кампања за Македонија како „земја на информатичари“ не знаат да си ги отворат електронските сандачиња?

Лани и годинава, ГЕМ оддржа триесетина трибини ширум Македонија. Неколку илјади граѓани ја споделија нашата загриженост за европската перспектива која е загрозена од антиевропските политики на власта. Ние, иницијаторите на ГЕМ, сметавме дека веќе не смее да се молчи. Не сакавме спокојно и во папучи да гледаме како власта го манипулира народот. Не сакавме повеќе да гледаме како груевистите шират страв, малодушност и теории на заговор против нашите пријатели од ЕУ и НАТО.
Повеќе...
 

Трибина на ГЕМ во Битола

Влезот во ЕУ и НАТО од витален интерес за Македонија

Иницијативата Граѓани за европска Македонија, ја продолжи серијата трибини „Можеме ли во ЕУ и НАТО без компромис?“. На трибината одржана на 23 јуни, во Битола, Владимир Милчин, Жарко Трајаноски, Роберто Беличанец, Мерсел Биљали, Никола Гелевски, Бранко Героски и Лидија Димова повторно ја актуелизираа дебатата за евроинтеграциите. Според нив, иако влезот во ЕУ и НАТО е витален интерес на Македонија, сепак граѓаните се длабоко изманипулирани дека државава може да стане членка на ЕУ и НАТО, без претходен компромис за името.

Повеќе...
 

Соопштение од иницијаторите на ГЕМ


Почитувани граѓани,

Ние, иницијаторите на „Граѓаните за европска Македонија“, ја известуваме јавноста дека одлучивме да го поддржиме протестот што ќе се одржи в недела на 27 јуни, со почеток во 20.00 часот, пред Владата на Република Македонија. Нашата поддршка значи наше учество на митингот и повик до членовите и симпатизерите на ГЕМ да го сторат истото: со своето присуство да го поддржат окрупнувањето на еден силен опозициски фронт против актуелната власт; тој фронт не треба да биде составен само од партии, зашто политиката не е монопол на партиите; тој фронт пред сè е потребен зашто актуелната власт сериозно ја доведува под прашање иднината на целата земја.
Повеќе...
 

Писмо со поддршка од Здружението на земјоделците „Тиквеш“ Кавадарци


„... Почитувани господа од Здруженијата,

I.   Во прв ред Ви честитам за смелоста за одржаната дебата на темата „Што ù нуди Македонија на својата младина и обратно“ и донесената Декларација за Македонија и обединети 16 субјекти, партии од нашата сцена.
II. Истовремено, го известуваме Здружението на граѓани за европска Македонија, дека донесовме одлука да и нашето Здружение биде членка: Здружение на земјоделците „Тиквеш“  Кавадарци.

Нашето здружение нема услови да учествува на дебати и состаноци, но, затоа ги усвојуваме како свои сите донесени решенија и заклучоци во врска со Вашата работа за доброто на Република Македонија...“

Преземете го целото писмо (.pdf)
 

ГЕМ во Велес: Можеме ли во ЕУ и НАТО без компромис?

Прв дел

Втор дел

Во изминатите четири години премиерот Никола Груевски постојано ја влошува меѓународната позиција на Македонија и не работи на националните интереси. На трибината одржана на 18-ти јуни во Велес, иницијаторите на Граѓани за европска Македонија (ГЕМ) го обвинија премиерот Груевски за ширење на лажен патриотизам на штета на македонската интеграција во ЕУ и НАТО.
Повеќе...
 

И Сојузот на борците во ГЕМ

Деновиве Здружението на граѓани за европска Македонија (ГЕМ) го стори вистинското и во вистинско време. Осмисли едноставна, разбирлива и над се', корисна декларација за Македонија и обединети 16 субјекти, партии од нашата сцена, и го покажа вистинскиот пат по кој треба да одиме кон поубавата иднина. Моето воодушевување е дотолку поголемо, бидејќи обединувањето е иницирано од невладиниот сектор. Не од владиниот невладин, ниту од партизирани невладини, туку од вистинскиот невладин сектор каде што почнуваат да се збираат најпрогресивните во земјата во овој миг. Затоа и велам, браво ГЕМ...

 

Електронска порака испратена до лидерите на политичките партии во Република Македонија


Почитувани лидери на политичките партии,

Ви се обраќаме во името на Граѓаните за европска Македонија и уште 48 здруженија на граѓани и фондации кои ја поддржаа иницијативата на лидерите на сите политички партии во Република Македонија да им се предложи потпишување декларација со која се реафирмира определбата на Република Македонија да стане полноправна членка на ЕУ и НАТО.
Повеќе...
 

СТОТИНА МЛАДИ ЕНЕРГИЧНО ДИСКУТИРАА:

ШТО И НУДИ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА НА СВОЈАТА МЛАДИНА?

mof-1Младината треба да бара повеќе и ако е потребно дури и да влазе во конфликт со власта, но тоа мора да биде во интерес на општеството и државата. Ова е една од пораките на стотина млади, учесници на целовечерната трибина, која синоќа, 15 јуни, се одржа во ГЕМ клубот. Дискусијата, во организација на Младинскиот образовен форум (МОФ) и движењето Граѓани за европска Македонија (ГЕМ), ги потврди како релевантни и важни прашањата околу неизвесната иднина на младината со одложувањето на интеграцијата во ЕУ, како и исклученоста на младите од процесите на одлучување на сите државни нивоа.
Повеќе...
 

Прес-конференција со дебата на ГЕМ и ФИООМ

Пресудата на Бошкоски не е политичка одлука и тој не му наштети на Тарчуловски

Движењето „Граѓани за Европска Македонија“ (ГЕМ) и Фондацијата Институт отвроено општество - Македонија (ФИООМ), на 14 јуни, во ГЕМ клубот, организираа прес-конференција со дебата насловена како: „Ослободителната пресуда на Љубе Бошкоски не е политичка одлука“. Бранителите на Љубе Бошкоски, Едина Рашидовиќ и Генел Метро, ја образложија ослободителната пресуда на Хашкиот трибунал за Бошкоски, а во дискусијата зедоа учество поголем број новинари, правни експерти и универзитетски професори. Во име на организаторите, движењето „Граѓани за Европска Македонија“ и ФИООМ, модераторот Владимир Милчин нагласи дека намерата на оваа јавна дебата е да даде свој придонес за поставување јасна граница меѓу правото и политиката.
Повеќе...
 

ДЕКЛАРАЦИЈА

1. Внатрешната интеграција на Република Македонија е нераскинливо  поврзана со нејзината интеграција во Европската Унија и НАТО зашто нашата држава ги споделува цивилизациските вредности втемелени во евроатланските интеграции;

2.  Ние нема да прифатиме проблемите со кои се соочуваме на патот на остварувањето на нашата стратегиска цел, а кои произлегоа од ирационалниот спор што нема основа во реалните односи меѓу Република Македонија и Република Грција и меѓу двата соседни народа, да бидат изговор нашата земја да го напушти евроинтеграцискиот процес;

Повеќе...
 

ТРИБИНА НА ГЕМ ВО ГОСТИВАР

Поделба по секакви основи, наместо напредок на Македонија во евроинтеграциските процеси

Македонија во изминатиот период не направила никаков напредок во евроинтеграциските процеси, а наместо резултати од страна на власта се прават поделби по секакви основи, заклучија учесниците на дебатата „Можеме ли во ЕУ и НАТО без компромис“. Дебатата, во организација на иницијативата „Граѓани за европска Македонија“ (ГЕМ), се одржа на 10 јуни во Гостивар.
Повеќе...
 

ДЕКЛАРАЦИЈА НА ГЕМ ЗА ЕВРОАТЛАНТСКА ОПРЕДЕЛБА НА МАКЕДОНИЈА

Седумнаесет проевропски политички партии и 55 здруженија ја поддржаа Декларацијата



Седумнаесет политички партии и 55 здруженија и фондации, денес, на 11 јуни 2010 година, ја потпишаа Декларацијата за Македонија во ЕУ и НАТО, иницирана од движењето „Граѓани за Европска Македонија“ (ГЕМ).
Повеќе...
 

ТРИБИНА НА ГЕМ ВО СТРУМИЦА - Влезот во ЕУ и НАТО - излез од сиромаштијата и транзицијата

gem strumicaВласта мора да престане со лажниот патриотизам и да постигне компромис со Грција со кој ќе се обезбеди стабилна иднина на државата и на нацијата. Ова е пораката на над 300 учесници на дебатата „Можеме ли во ЕУ и НАТО без компромис“ одржана на 8-ми јуни, во Струмица.
Повеќе...
 

ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА СО ДЕБАТА - Ослободителната пресуда на Љубе Бошковски не е политичка одлука

Иницијаторите на движењето Граѓани за Европска Македонија (ГЕМ) и Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ) организираат едночасовна прес-конференција со дебата „ОСЛОБОДИТЕЛНАТА ПРЕСУДА НА ЉУБЕ БОШКОВСКИ НЕ Е ПОЛИТИЧКА ОДЛУКА“, на 14 јуни 2010 година (понеделник) со почеток во 11 часот, во ГЕМ клубот (Менада, Стара скопска чаршија).
Повеќе...
 


Страница 6 од 10

Најави