Насловна Вести Интелектуалци во одбрана на слободата на говорот

Интелектуалци во одбрана на слободата на говорот

И јас сум новинар на А1, “Време, “Шпиц” и “Коха е ре”

Сакаме да бидеме новинари на А1, “Време, “Шпиц” и “Коха е ре”. Сакаме да застанеме во одбрана на слободата на говор. За вашите редакции ќе работиме како обични новинари, колку што можеме и умееме, без надомест.

Со ваков симболичен гест на поддршка во редакциите на нашите редакции во текот на викендот се јавија неколку македонски интелектуалци, поттикнати од настапот на писателот Ким Мехмети на А1 телевизија во саботата навечер. Во дебатата со Билјана Секуловска, Мехмети отворено кажа дека во име на зачувување на слободата на новинарите да работи како новинар во редакцииите на Перо Наков б.б. и тоа – бесплатно.

По оваа изјава уследија телефонски јавувања од македонски интелектуалци, кои изјавата на Мехмети ја доживеале како поттик и тие да понудат поддршка со ваков гест. Уредништвата на редакциите се благодарни за поддршката која ја добиваат, особено во време кога не се малку тие што сакаат да ги видат овие редакции на колена.

Во знак на благодарност за поддршката, редакциите на овие медиуми на своите поддржувачи ќе им издаваат симболични новинарски легитимации. Ги молиме сите заинтересирани да напишат порака на имејл-адресата Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
 

Најави