Насловна Вести Зборно место 10: Упадот во А1 – контаминација на македонскиот медиумски простор

Зборно место 10: Упадот во А1 – контаминација на македонскиот медиумски простор

Случувањата во А1 телевизија од минатиот четврток (25.11.2010) беа тема на десеттата дебата од циклусот „Зборно место“, чиј домаќин беше Жарко Трајаноски, а гости Младен Чадиковски, Борјан Јовановски и Билјана Секуловска. Во присуство на бројни гости новинарите од А1 се обидоа да ги дообјаснат случувањата во нивната телевизија.

Прв дел

Втор дел

Трет дел


zborno-mesto-10-3За главниот и одговорен уредник Младен Чадиковски, несомнено е дека се случи класично ограничување на слободата на движење. „Она што се случи беше ограничување на слободата на движење на новинарите во А1, без никакво објаснување. Не ни беше покажана никаква наредба за асистенција, а ниту пак дознавме за наредба да не им се дозволи слободно движење на новинарите. Постојаното доаѓање на полицајци во и околу А1 ни предизвика психолошки терор, а ниту портпаролот на полицијата, ниту Министерката за внатрешни не ни кажуваа што се случува.“ изјави Чадиковски.

zborno-mesto-10-1Билјана Секуловска пак, им се обрати на сите критичари, барајќи од нив објективно оценување на настанот. „Доколку немало полициски упад во А1, тогаш што беа оние стотина специјалци, кои ги блокираа влезот на капијата и влезот на А1? Зошто во студиото беше присутна само опозицијата? Затоа што власта одбиваше да дојде. Затоа што полицијата селективно ја пропушташе само опозицијата. Не ги пушти Никола Гелевски, Ирена Цветковиќ и Петар Арсовски, со кои јас комуницирав. Не веруваат дека моите колешки биле тепани. Велат студиото било слободно за програма? Што требаше, да се затвори студиото? Прашувам и барам одговори од сите критичари. Но исто така барам и решенија.“

Според Борјан Јовановски настаните биле дел од смислено сценарио. „Сè укажува на тоа дека полицијата имаше смислено сценарио - да прати застрашувачка порака. Покрај тоа, фрлена е бомба на една убава иницијатива за реформа на ЗНМ со која ЗНМ ќе стане почитуван правен субјект, чии предлагачи се во поголем дел новинарите на А1“, истакна Јовановски, додавајќи дека по соопштението на Хелсиншкиот Комитет во кое меѓу другото се повикуваат новинарите да не бидат злоупотребувани, тој си поднел оставка од членството во Управниот одбор.

Гостите, меѓу кои имаше и доста новинари, активно се вклучија во вториот дел од дебатата споделувајќи свои ставови, коментари и оценки, кои во најголем дел водеа кон тоа дека со упадот во А1 сериозно е загрозена состојбата во медиумите. Имаше коментари дека А1 е само колатерална штета на пресметката со Рамковски, но и коментари како оној на Бранко Тричковски кој смета дека медиумскиот простор во Македонија е длабоко контаминиран и треба што побрзо да се ослободи.
 

Најави