Насловна Вести Фуере во ГЕМ клубот: Продолжете со реформите

Фуере во ГЕМ клубот: Продолжете со реформите

Името е битно, но мора да продолжите со реформите, порача евроамбасадорот Ерван Фуере на деветтата дебата од циклусот „Зборно место“, одржана на 25 ноември во организација на ГЕМ, чиј домаќин беше Владимир Милчин.

Прв дел

Втор дел


zborno-mesto-fuere-2Оценувајќи го извештајот за напредокот на Македонија, Фуере ги посочи недостатоците во некои области, но заклучи дека Европската Комисија сé уште стои на препораката за почеток на преговори, откако ќе се надмине спорот за името. „Во некои области сé уште имате недостатоци. Мора да продолжите со реформите, но смогнете сили и да го решите спорот за името, без да навлегувате во идентитетот. Неколку пати сум повторил дека идентитетот не треба да биде предмет на преговори“ истакна Фуере, додавајќи дека во Брисел сé уште постои надеж дека спорот брзо ќе се надмине.

zborno-mesto-fuere-1Излагањето на Фуере продолжи со реформите во јавната администрација и судството. Поттикнат од прашање посветено на кадровските промени во Секретаријатот за европски прашања, евроамбасадорот изјави дека прогресот во јавната администрација значи и прогрес на целокупното општество: „Знам деке овде е тешко да се спречи појавата каде што при секоја промена на власта се отпуштаат скоро сите вработени во некои делови од државната администрација. Но она што треба да го сфатите е дека професионализацијата на јавната администрација ќе ги забрза и останатите клучни реформи. Таков е случајот со Словенија, но и со мојата земја“. За Фуере нема сомнеж дека препораките од извештајот за напредокот ќе придонесат за подобрување на состојбата во судството, слободниот пазар и приватната сопственост, но и слободата на говор. Исто така, Фуере е убеден дека идната година која е јубилејна 10-та година од донесувањето на Охридскиот договор ќе биде поттик повеќе Македонија да се обиде да стигне до датум за преговори.

Запрашан од домаќинот на дебатата за политичката култура во Македонија, Фуере одговори дека секојдневните напади меѓу власта и опозицијата се само залудно трошење енергија. „Размената на обвинувања е само трошење на енергија. Граѓаните не ги гласаат политичарите за тие меѓусебно да се напаѓаат. Многупати и јас и Баросо сме ја потенцирале важноста од консензус, а ваквите напади одат само на штета на имиџот на вашата земја“ порача Фуере.

Владимир Милчин, осврнувајќи се на слободата на говорот и владеењето на правото, порача дека е време да престанеме да бараме помош однадвор и да почнеме да си помагаме самите себеси.

Публиката зеде активно учество, поставувајќи прашања од разни области, од судството, владеењето на правото и слободата на медиуми.
 

Најави