Насловна Вести Одговор на обвинувањата од Ставрески: ГЕМ не е инсталација на ниту една политичка партија

Одговор на обвинувањата од Ставрески: ГЕМ не е инсталација на ниту една политичка партија

Иницијаторите на „Граѓани за Европска Македонија“ на конференцијата за печат одржана на 31.10.2010 година остро ги отфрлија обвинувањата на вицепремиерот на Владата и член на Извршниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Ставрески, во врска со поврзаноста на ГЕМ со аферата „Надеж“.


Според нив, власта постојано се служи со маркетинг трикови кои имаат за цел да го одвлечат вниманието од клучните проблеми, но и да ја монополизираат политиката преку редуцирање на политичката сцена во која нема да има место за невладиниот сектор.

gem31102010-1„Суштината на овој напад е отстранување и дисквалификација на секој кој што размислува политички, а не е поврзан со партиите. Етикетирањето има за цел да се редуцира македонската политичка сцена само на двете најголеми партии затоа што на тој начин полесно се манипулира со граѓаните“ изјави Роберто Беличанец, додавајќи дека ГЕМ никогаш не криел дека е против политиката на владеачката партија, но тоа истовремено не значи и дека се работи за инструментализирана иницијатива од некоја партија.

За Бранко Героски, ваквиот напад е чин поттикнат од стравот на владеачката партија од сопствената одговорност. Мотив плус за ваков напад, според Героски, е и „дворската лустрација“ и најавеното лиферување нови досијеа, овој пат за функционери на ВМРО-ДПМНЕ од фракцијата на Ставрески.

gem31102010-2И за Никола Гелевски маркетингот и неспособноста се единствените мотиви за нападот на Ставрески. Напаѓајќи ја таквата тактика, Гелевски истакна дека владеачката партија не размислува долгорочно и стратешки, туку дека единствено се фокусира на маркетингот. “Пренасочувањето е суштината на сегашните политички маневри на власта. Земјата е во катастрофална состојба, по сите параметри: од финансиски до политички. Токму затоа спиновите се очекувани и - што можеби е парадоксално - ефикасни. Нацијата е раздразнета од безизлез и од очајание. Стеснета е способноста за рационално и прагматично поведение и одлучување“ изјави Гелевски.

Обраќајќи се во малку ироничен тон, Жарко Трајаноски изјави благодарност до властите, што тој бил дел од „планот за заговор“ на „насилно рушење на избраните институции“. „Има ли појасен симптом од параноичните клевети на „кумот Ставре“ дека во Македонија владее антидемократски режим, предводен од „фамилијата“ на „големиот братучед“? Партија која се служи со гебелсовски методи не е демократска партија. Партија која се служи со гебелсовски методи е фашистичка партија. Вистината боли.“ изјави Трајаноски.
 

Најави