Насловна Вести Спонтан собир против проектот Скопје 2014

Спонтан собир против проектот Скопје 2014

Facebook групата “Скопје 2010, НЕ благодарам” организира:
Спонтан собир против проектот Скопје 2014

Локација: Остатокот од плоштад Македонија
Време: сабота, 06 февруари 2010 14:00
Настан на Фејсбук: http://www.facebook.com/event.php?eid=289001378863&ref=mf



На почетокот беше само црква. И-или џамија. Додадоа уште пар коњаници, еден мост, лавој, неколку гемиџии и.... Скопје во 2014 со хируршки подигнати јагодици, а скапани заби во устата.

Дали приметувате дека анимацијата на владата не го опфаќа оној дел кајшто е печатницата Гоце Делчев? ОД САНИТЕТСКИ ПРИЧИНИ...

Дали приметувате дека ја игнорираат секоја наша интервенција, секој наш обид да кажеме дека НЕ Е ВО РЕД? Дали приметувате како си го силуваат Скопје на редовна база? Ги силуваат архитектите, не силуваат нас во градот, ја силуваат Битола, Крушево, Кавадарци, Охрид, Тетово, Гостивар, Струмица, Ресен... и тоа со стотици миљони евра наменети за патолошките интервенции на еден забеган забеган нецивилизиран свет.

Затоа, да се собереме мирно и Спонтано на оној дел од плоштадот што во овој момент остана неокупиран, и спонтано да го искажеме своето незадоволство.

Не сакаме исклучиво споменици на мажи од македонска националност, сакаме славење на жените, Албанците, партизаните и партизанките, културните работници, комитите, театарскит трупи и сите локални иницијативи што произлегле од разни краеви на нашата земја... сите му придонеле на нашето општество!

Не сакаме нови мостови на Вардар, сакаме суштински да се поврзуваме со нашите сограѓани "од другата страна"

Не сакаме неокласицистички фасади и антички колонади, не во 2014. Не сакаме ни барокни интервенции во просторот кој живее и се развива во 21 век!

Не сакаме црква или џамија на плоштад
Сакаме плоштад на плоштад!

И мораме повторно да го покажеме тоа.
оваа сабота, испијте го кафето порано, и дојдете да го одбраните својот град (а тоа не е само Скопје).

Плоштад Македонија, 14:00 саатот
 

Најави