Насловна Вести ГЕМ против Зоран Ставрески: Ново рочиште во предметот за клевета

ГЕМ против Зоран Ставрески: Ново рочиште во предметот за клевета

На 17 јуни 2013 година, во 10.30 часот, во Основниот суд Скопје 2 ќе се одржи ново рочиште, во предметот за клевета против Зоран Ставрески. Предметот против Ставрески трае веќе 2 години.

Тужителите и членови на движењето Граѓани за Европска Македонија (ГЕМ), Бранко Ѓероски, Никола Гелевски, Владимир Милчин, Роберто Беличанец и Жарко Трајановски ја поднесоа првата приватна кривична тужба против Ставрески на 29 јануари 2011 година, поради неговите тврдења дека ГЕМ е дел од стратегијата „Надеж“, создадена за насилно уривање на демократски избраните институции. Оваа изјава, Ставрески ја даде на прес-конференција, одржана на 30 октомври 2010 година, а пренесена од сите релевантни медиуми во Македонија и во целост објавена на веб страницата на ВМРО-ДПМНЕ.

Со донесување на Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда, кривичната постапка против Ставрески е запрена, а приватните тужители во законски предвидениот рок ја поднесоа новата тужба, заради утврдување на одговорноста на тужениот за сторена клевета, како и надомест за предизвиканата нематеријална штета на тужителите со клеветата.

Ставрески, до сега, се нема појавено на ниту едно од претходните судски рочиштата, под изговор дека МВР не може да го пронајде вистинскиот Зоран Ставрески бидејќи имало многу лица со исто име и презиме, иако во тужбата е наведено дека станува збор за министер за финансии. На рочиштето закажано за 17 јуни, за прв пат се очекува распит на странките.
Коментари
Додади ново
Heidy Jamieson  - Ð“ЕМ против Зоран Ставрески:     |2016-08-14 10:08:30
karachi ship
Chauncey Hoshall  - Ð“ЕМ против Зоран Ставрески:     |2016-08-14 10:15:26
buy web i-65 traffic indiana
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Website:
Наслов:
 
Please input the anti-spam code that you can read in the image.

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

 

Најави