Насловна Вести Милчин: Во Македонија денес е опасно да се биде малцинство од кој било вид

Милчин: Во Македонија денес е опасно да се биде малцинство од кој било вид

intervju-milcin-aktivПрофесорот Владимир Милчин, истакнат режисер чиишто претстави со децении наназад ја воодушевуваат публиката и критиката ширум светот, веќе речиси 20 години е прв човек на Фондацијата Отворено општество Македонија, една од најголемите невладини организации кај нас. Оваа улога, неговото, условно речено, политичко дејствување, како и критичкото опсервирање на системот, општеството и власта, и во минатиот еднопартиски систем, а и сега, се причини поради кои професорот Милчин е во честа конфронтација со владејачките структури, кои кон него употребуваа(т) една широка палета на форми на притисок – од полициско следење, па се до јавно етикетирање, стигматизирање и обиди за јавно дискредитирање. Со него разговараме за граѓанскиот активизам и активното граѓанство, кондицијата на граѓанскиот сектор, влијанието на политиката и односот на медиумите кон оваа општествена сфера, состојбата со човековите и малцинските права во земјава.

АКТИВ: Која е Вашата оценка за кондицијата на граѓанскиот сектор денес? Дали граѓанските организации ја остваруваат својата општествена улога, или пак се во право критичарите, кои ги обвинуваат невладините за затвореност во кабинети, работа со затворен круг на луѓе на обуки, семинари и немање директен допир со ситуацијата на терен и вистинските потреби на граѓаните?

Милчин: Не сум сигурен дека разбирам што подразбирате под „општествена улога на граѓанските организации“. Нивната улога ја определуваат членовите, кога станува збор за здруженијата, или управните одбори, кога станува збор за фондациите. Не може ниту да се бара ниту да се очекува ист пристап и исти резултати од институционализирани организации кои експертски и континуирано го набљудуваат трошењето на јавните пари, од една страна, и неформални иницијативи кои изразуваат негодување против одделни постапки на власта. Едното не го исклучува другото. И не треба. И едното и другото се легитимни облици на дејствување во граѓанското општество. Полицентричноста и плурализмот се суштински карактеристики на невладиниот сектор. А во обвинувањата што ги спомнувате има и едно што во еден глас го пеат и Латас и некои активисти од крајната левица. Демек, Фондацијата отворено општество – Македонија била виновна што кај нас нема вистински граѓански сектор! Се разбира, без ниту еден вистински аргумент кој би го поткрепил обвинувањето.

Повеќе http://aktiv.org.mk/mk/resources/sodrzini-aktiv/213-milcin-vo-makedonija-denes-e-opasno-da-se-bide-malcinstvo-od-bilo-koj-vid
 

Најави