Насловна Вести Културното наследство им припаѓа на граѓаните

Културното наследство им припаѓа на граѓаните

На 16-ти мај во просториите на ГЕМ клубот беше одржана проекција на документарниот филм „Зачувување на светото културно наследство на Република Македонија“ во продукција на Фондацијата „Македонида“. Во триесет минутниот филм, прикажана е состојбата на неколку сакрални објекти од историско значење, како и зафатите околу нивната заштита и конзервација.

Главен впечаток од прикажаното во документарниот филм, е немањето на стратегија од страна на Управата за заштита на културното наследство, како што е случајот за црквата „Св. Ѓорѓија“ во Старо Нагоричане, за чија конзервација преку Советот на Европа се добиени значителни средства, но сè уште не е започната интервенција врз црквата. Од друга страна пак, случајот со Мустафа-пашината џамија во Скопје, ја потенцира потребата од квалитетни конзерваторски проекти. Имено, со последните зафати во Мустафа-пашината џамија, извршени се радикални промени, со што се изгубени ретки декоративни елементи, по кои оваа џамија се издвојувала не само од џамиите на територија на денешна Македонија, туку и од џамиите ширум Балканот.

Говорејќи за грижата за културното наследство, сценаристот и продуцентот на филмот, проф. д-р Панче Велков потенцираше дека конзервацијата на сакралните објекти во последно време е доверена на луѓе кои немаат искуство во заштитата на културното наследство, и наместо тоа целиот процес на конзервација треба да им се довери на реномирани домашни и странски конзерватори.

По проекцијата, следуваше дебата на која учество зедоа реномирани лица со долгогодишни искуства од проблематиката, а чиј заеднички став беше дека јавноста мора подобро да се запознае со запоставените сакрални објекти, кои освен што се важни за националното културно наследство исто така имаат и потенцијал да ја промовираат нашата земја во светот. Домаќинот на промоцијата, извршниот директор на Фондацијата отворено општество - Македонија, Владимир Милчин, истакна дека кај државните институции недостига волја за заштита на културното наследство, и истите никако не смеат да се правдаат со недостиг на пари, особено ако се земе предвид на што се се трошат финансиски средства последните години.




Коментари
Додади ново
Athena Blok  - ÐšÑƒÐ»Ñ‚урното наследство им Ð¿Ñ     |2016-08-14 10:07:09
water ionizer
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Website:
Наслов:
 
Please input the anti-spam code that you can read in the image.

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

 

Најави