Насловна Вести

Иднината на Европа – Џорџ Сорос

Иднината на Европа, говор на Џорџ Сорос на Глобалниот економски симпозиум, 1 октомври 2013 год., Кил, Германија.

Ќе применам холистички приод за иднината на Европа. Јас развив концептуална рамка која ме водеше во донесувањето одлуки низ целиот мој живот. Рамката е многу поширока од финансиските пазари; таа го опфаќа односот меѓу размислувањето и реалноста. Она што го усложнува овој однос е фактот дека мислите и дејствијата на учесниците се дел од реалноста за која тие мора да размислуваат. Нивното размислување има двојна функција: од една страна, тие се обидуваат да го разберат светот во кој живеат – тоа е когнитивната функција; од друга страна, тие сакаат да влијаат врз настаните во кои учествуваат - тоа е манипулативната функција. Двете функции влијаат една врз друга – јас тоа го нарекувам интерферентна рефлексивност.

Основниот постулат на мојата концептуална рамка е принципот на човечката несигурност, кој се темели на два идентични столба на грешење и рефлексивност. Како научен метод, принципот на човечката несигурност има далекусежни последици. Тој се применува само за општествени појави и согласно на тоа, прави разлика меѓу општествените и природните науки. Економската теорија се обидува да ги имитира природните науки, посебно њутоновата физика. Затоа, мојата концептуална рамка е директно спротивна на конвенционалните економски теории.

Разликите се посебно видливи во справувањето со финансиските проблеми генерално, и со еврокризата, конкретно. Конвенционалната економија ги следи безвременските и универзалните закони чијашто валидност може да се тестира преку упатување на факти. Јас тврдам дека фактите што ги произведуваат општествените процеси не се веродостоен критериум за утврдување на валидноста на теориите поради принципот на човечката несигурност. При тоа, јас не ја отфрлам можноста за воспоставување универзални и безвременски закони - принципот на човечката несигурност е еден од нив - но сметам дека таквите закони се премногу нејасни и општи за да бидат корисни во развивањето специфични предвидувања и објаснувања.

Повеќе...
 

„Изгубени во светот на сенките“

Роберто Беличанец, на јавната дебата „Духот на слободата“ со граѓаните на Крива Паланка, „Граѓани за eвропска Македонија“ (ГЕМ) на 10.10.2012.


„Позицијата во која се наоѓаме во моментов е страшно тешка, како никогаш досега, затоа што сета оваа машинерија функционира со амин на Европската комисија, која што реално, конечно, ја призна реалноста во Македонија, дека ВМРО-ДПМНЕ го контролира теренот.

И од аспект на практична, прагматична политика, кога некој ви го контролира теренот, вие со него зборувате. Се најдуваме во страшно тешка позиција, сами, осамени, меѓутоа, не помалце борбени. Напротив, денеска договоривме некои акции, ќе видите што ќе се случува овие денови. Сметаме дека се бориме за едно фундаментално човеково право. Тоа е нешто што во Уставот е дефинирано на исто рамниште со правото на живот, и со правото да бидете слободни од тортура, да не ве мачи никој. Значи, тоа е фундаментална вредност. Тоа е фундаментална вредност на демократијата, затоа што ако не можете да кажете што ве мачи, вие не можете ни да се поврзете со сличниот што е со вас, не можете да изградите никаква човечка врска, останувате изгубени во светот на сенките, и во светот на пропагандата која што ви се пласира.

Повеќе...
 

ВО ЧЕСТ НА РОБЕРТО БЕЛИЧАНЕЦ



 

Милчин: Никогаш нема да ме замолчат

Професорот и режисер Владимир Милчин во интервју за НОВА: Зошто Ставревски повеќе од две години не се појавува на суд, за лустрацијата, како политичка пресметка на неистомислениците на власта

Втор дел - Милчин за молкот на т.н интелектуалци, за благодарноста кон министерката Канчевска, за довчерашното игнорирање на дел од архитеките за Скопје 2014 и за тоа каде го гледа излезот од оваа криза
Повеќе...
 

ГЕМ против Зоран Ставрески: Ново рочиште во предметот за клевета

На 17 јуни 2013 година, во 10.30 часот, во Основниот суд Скопје 2 ќе се одржи ново рочиште, во предметот за клевета против Зоран Ставрески. Предметот против Ставрески трае веќе 2 години.

Тужителите и членови на движењето Граѓани за Европска Македонија (ГЕМ), Бранко Ѓероски, Никола Гелевски, Владимир Милчин, Роберто Беличанец и Жарко Трајановски ја поднесоа првата приватна кривична тужба против Ставрески на 29 јануари 2011 година, поради неговите тврдења дека ГЕМ е дел од стратегијата „Надеж“, создадена за насилно уривање на демократски избраните институции. Оваа изјава, Ставрески ја даде на прес-конференција, одржана на 30 октомври 2010 година, а пренесена од сите релевантни медиуми во Македонија и во целост објавена на веб страницата на ВМРО-ДПМНЕ.
Повеќе...
 

Отворен повик за уметници за работен престој во Виена

Во соработка со Култур Контакт од Австрија, Сојузното Министерство за образование, уметност и култура на Австрија објавува повик за работен престој во Виена за 2014 година за сите заинтересирани визуелни уметници, фотографи, дизајнери, аудиовизуелни уметници, писатели, преведувачи, танчари, кореографи, куратори и др.

Повикот можете да го најдете на следниов линк (англискиот текст почнува на стр. 5)

 

ГЕМ бара оставки од Вељаноски, Јанкулоска и Груевски

ГЕМ бара оставка од претседателот на Собранието Трајко Вељаноски заради овозможување на полицијата да изврши упад во собраниската власт, што претставува насилно уривање на уставниот поредок на Република Македонија. Одговорноста на Трајко Вељаноски се состои во следново:

  1. Прекршување на чл. 70 од Уставот на Република Македонија: „Седниците на Собранието се јавни. Собранието може да одлучи да работи без присуство на јавноста со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.“ Без двотретинска одлука (за работа без присуство на јавноста), Трајко Вељаноски овозможил насилно исфрлање на новинарите од Собранието, кога бил гласан Законот за буџет.
  2. Прекршување на други десетина членови од Уставот кои ги уредуваат правата на пратениците и нивниот мандат. Со овозможувањето насилно да се истераат група пратеници од Собранието за време на собраниска расправа, Трајко Вељаноски е одговорен за ускратувањето на нивните уставни права и за повреда на нивниот мандат.
  3. Кршење на Законот за Собранието на Република Македонија, особено член 43 став 4: „За одговорноста за нарушување на редот во Собранието од страна на пратениците и надворешни лица кои учествуваат во работата на Собранието одлучува и донесува мерки претседателот на Собранието по претходна консултација со потпретседателите и координаторите на пратеничките групи.“ Трајко Вељаноски самоволно донел одлука за спроведување мерки без претходна консултација со потпретседателите и координаторите на пратеничките групи, а дел од нив биле и насилно истерани од собраниската сала, заедно со другите пратеници од опозицијата.
  4. Кршење на бројни одредби од Деловникот на Собранието на Република Македонија. Трајко Вељаноски ги пречекорил своите овластувања со наредбата за насилно отстранување на опозициските пратеници од седницата. Имено, „Претседателот на Собранието ќе му го одземе зборот на пратеникот, кога тој со својот говор на седницата го повредува редот, а на истата седница два пати е повикан да се придржува за редот на седницата.“ (чл. 92 ст. 2). Исто така, „Претседателот на Собранието го отстранува пратеникот од седницата, кога и покрај опомената, односно одземањето на збор го нарушува редот на седницата или употребува изрази со кои се нарушува достоинството на Собранието. Пратеникот кој е отстранет од седницата, должен е веднаш да ја напушти салата во која се одржува седницата. Ако претседателот на Собранието не може да го одржи редот на седницата, ќе одреди краток прекин на седницата.“ (чл. 93). Трајко Вељаноски издал наредба за насилно отстранување на најголемиот број од опозициските пратеници без да даде опомени и без да се обиде да го одржи редот на седницата со краток прекин на седницата.
Повеќе...
 

АМАН

aman-protest-pela-web
 

ГЕМ во Прилеп: Ни се случува транзиција кон варварски капитализам

20121810-gem-prilep-1-300wАктуелните политичко-економски случувања, локалните проблеми на граѓаните и состојбата со граѓанските слободи беа прашањата кои се дебатираа на третата последователна дебата на граѓанската иницијатива „Граѓани за европска Македонија“ (ГЕМ) одржана на 18-ти октомври во Прилеп.

Отворајќи ја дебатата, Роберто Беличанец со многу емоции оцени дека неговото родно место станало пример за тоа како актуелната власт преку ноќ ги префарбува идентитетот и историјата на македонскиот народ, земајќи го како пример префарбувањето на прилепскиот участок, кој како симбол на фашистичка Бугарија насекаде имал иста боја. „И ден денес во Бугарија сите участоци ја имаат задржано поранешната боја, која била симбол на фашизмот, само овде участокот е префарбан. Тоа префарбување е пример за сè она што во моментов ни се случува. Властите ни ја префабуваат и историјата и идентитетот“ заклучи Беличанец, додавајќи дека добар дел од народот е доведен во ситуација да моли по партиски штабови за работно место, и на луѓето мора да им се помогне да се извадат од таквата ситуација.
Повеќе...
 

Милчин: Во Македонија денес е опасно да се биде малцинство од кој било вид

intervju-milcin-aktivПрофесорот Владимир Милчин, истакнат режисер чиишто претстави со децении наназад ја воодушевуваат публиката и критиката ширум светот, веќе речиси 20 години е прв човек на Фондацијата Отворено општество Македонија, една од најголемите невладини организации кај нас. Оваа улога, неговото, условно речено, политичко дејствување, како и критичкото опсервирање на системот, општеството и власта, и во минатиот еднопартиски систем, а и сега, се причини поради кои професорот Милчин е во честа конфронтација со владејачките структури, кои кон него употребуваа(т) една широка палета на форми на притисок – од полициско следење, па се до јавно етикетирање, стигматизирање и обиди за јавно дискредитирање. Со него разговараме за граѓанскиот активизам и активното граѓанство, кондицијата на граѓанскиот сектор, влијанието на политиката и односот на медиумите кон оваа општествена сфера, состојбата со човековите и малцинските права во земјава.

АКТИВ: Која е Вашата оценка за кондицијата на граѓанскиот сектор денес? Дали граѓанските организации ја остваруваат својата општествена улога, или пак се во право критичарите, кои ги обвинуваат невладините за затвореност во кабинети, работа со затворен круг на луѓе на обуки, семинари и немање директен допир со ситуацијата на терен и вистинските потреби на граѓаните?

Милчин: Не сум сигурен дека разбирам што подразбирате под „општествена улога на граѓанските организации“. Нивната улога ја определуваат членовите, кога станува збор за здруженијата, или управните одбори, кога станува збор за фондациите. Не може ниту да се бара ниту да се очекува ист пристап и исти резултати од институционализирани организации кои експертски и континуирано го набљудуваат трошењето на јавните пари, од една страна, и неформални иницијативи кои изразуваат негодување против одделни постапки на власта. Едното не го исклучува другото. И не треба. И едното и другото се легитимни облици на дејствување во граѓанското општество. Полицентричноста и плурализмот се суштински карактеристики на невладиниот сектор. А во обвинувањата што ги спомнувате има и едно што во еден глас го пеат и Латас и некои активисти од крајната левица. Демек, Фондацијата отворено општество – Македонија била виновна што кај нас нема вистински граѓански сектор! Се разбира, без ниту еден вистински аргумент кој би го поткрепил обвинувањето.

Повеќе http://aktiv.org.mk/mk/resources/sodrzini-aktiv/213-milcin-vo-makedonija-denes-e-opasno-da-se-bide-malcinstvo-od-bilo-koj-vid
 

Јавна дебата на ГЕМ во Крива Паланка: Да не им одмолчиме на оние кои ни ги загрозуваат слободите

VA4_5606Граѓанската иницијатива „Граѓани за eвропска Македонија“ (ГЕМ) на десетти октомври организираше јавна дебата „Духот на слободата“ со граѓаните на Крива Паланка на која се разговараше за состојбата на граѓанските слободи во Македонија. 

Роберто Беличанец ја отвори дебатата со осврт на Предлог-законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, кој според него дополнително ќе ја ограничи слободата на говор. За Беличанец, Предлог-законот и неговиот амин од ЕУ, се начин власта да ги направи поединците безгласна буква. „Кога ќе ви го одземат правото на говор и мислење, и кога ќе немате канали на комуникација ни за да се пожалите за нешто, тогаш престанувате да постоите како единка“ порача Беличанец.
Повеќе...
 

Јавна дебата на ГЕМ во Кавадарци: Слободата се брани со дела, а не со зборови!

VA4_53261Граѓанската иницијатива „Граѓани за eвропска Македонија“ на четврти октомври организираше јавна дебата „Духот на слободата“ со граѓаните на Кавадарци, на која беа разменети ставови и согледувања за граѓанските слободи.

Започнувајќи ја дебатата, Бранко Героски истакна дека живееме во авторитарно, недемократско и тоталитарно општество, а предуслов за излез од таквата ситуација е развивање на слободарскиот дух на граѓаните на Македонија. Осврнувајќи се на сегашната општествено – политичка ситуација и претстојните локални избори, Героски потенцираше дека мора да се бараат и нудат практични решенија од сите политички субјекти.
Повеќе...
 

Интервју со Владимир Милчин: Зашто, сите документи објавени од комисијата за верификација имаат печат на Државниот архив, а од таму ни одговорија дека не поседуваат соработнички досиеја!?

10.09.2012

Интервју со Владимир Милчин, професор на ФДУ и извршен директор на Фондацијата Отворено Општество Македонија.

Sky: Г-дине Милчин, власта продолжи да ви се одмаздува за вашите активности во граѓанскиот сектор. Иако e јасно дека не сте биле соработник на службите Комисијата за верификација по втор пат ве прогласи за соработник. Кои ќе бидат вашите следни активности во врска со лустрацијата?


Владимир Милчин: „Лустрацијата го урива владеењето на правото“, изјави амбасадорката на Холандија во Македонија во интервјуто објавено во „Граѓански“ од 8 септември. Таа го потврди она на што укажувавме ние неколкумина уште кога беше објавен предлогот за првиот закон за лустрација. Денес, по стапувањето на сила на третиот, најлошиот закон, напнувајќи се лустрацијата да ја сведе на компромитација, власта успеа само да ја компромитира лустрацијата како концепт. Кога станува збор за мене, јас веќе поднесов тужба во Управниот суд против решението на комисијата. Неделава ќе поднесам и кривична пријава против медиумите кои побрзаа да ме наклеветат така што извештајот против Шишков што го поднесол извесен соработник „Мишо“ ми го припишаа мене. Следниот чекор ќе биде кривичната пријава против „претседателот без мандат“.
Повеќе...
 

Владимир Милчин за процесот на лустрација

На 13 август (понеделник) во ГЕМ клубот (Менада), во Старата скопска чаршија, извршниот директор на Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ), Владимир Милчин, одржа прес-конференција.
На средбата со новинарите, Милчин ќе зборуваше за актуелните настани поврзани со процесот на лустрација.

 

ГИ БРАНИМЕ ТЕМЕЛИТЕ НА УСТАВОТ И СУШТИНАТА НА ДЕМОКРАТИЈАТА

Одговор на изјавата на Саво Климовски дадена за дневниот весник „Вест“ на 5 јули 2012 година со наслов: „Немаат храброст да ја тужат Владата“

Скопје, 9 јули 2012 година

Ние, долупотпишаните подносители на кривичната пријава против пратениците кои го изгласаа новиот Закон за лустрација, сметаме дека изјавата дадена на 5 јули за дневниот весник „Вест“ од Саво Климовски со наслов „Немаат храброст да ја тужат Владата“ е произволна и невтемелена, од правно-политички, интелектуален и морален аспект.

Изјавата содржи порака која Климовски ја прогласува за конечна, наспроти фактите: (1) подносителите имаат активни тужби пред судовите против функционери во Владата и подносителите редовно доаѓаат во судниците за да ги спротивстават „вистините“, додека на „храбрите“ властодршци државата не може да им испорача судска покана; (2) подносителите очекуваат од институциите на државата да се заложат за зачувување на уставниот поредок, зашто повторното регулирање на одредби во спротивност со одлуките на Уставниот суд е непочитување на одлуките на судот, што во суштина е кривично дело.

Повеќе...
 

Кривичнa пријавa против пратениците кои го изгласаа новиот Закон за лустрација

VA4_4326На прес-конференцијата одржана на први јули во ГЕМ клубот, Љубомир Данаилов Фрчкоски, Роберто Беличанец, Никола Гелевски, Бранко Ѓероски, Ѓунер Исмаил, Владимир Милчин и Жарко Трајаноски најавија поднесување кривична пријава против пратениците кои гласаа за новиот Закон за лустрација. Според Љубомир Фрчкоски, со донесувањето на новиот Закон за лустрација владејачкото мнозинство го прекрши членот 377 став 3 од Кривичниот закон, односно стори кривично дело Неизвршување на одлука на Уставен суд на РМ.

Зборувајќи за мотивите за поднесување кривична пријава, Фрчкоски истакна дека со донесувањето на закон спротивен на одлуките на Уставниот суд, се врши рушење на балансот помеѓу власта и Уставот, и директно се негира независноста на Уставниот суд. Фрчкоски потенцираше дека носењето закон со ваков преседан создава нелегалност и газење на уставниот поредок на Македонија.
Повеќе...
 

ПОКАНА ЗА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА

Кривична пријава против пратениците кои гласаа за новиот Закон за лустрација

Во недела, на 1 јули 2012 година, со почеток во 11.00 часот во ГЕМ клубот во Скопје (Стара скопска чаршија), Љубомир Данаилов Фрчкоски, Роберто Беличанец, Никола Гелевски, Бранко Ѓероски, Ѓунер Исмаил, Владимир Милчин и Жарко Трајаноски ќе одржат прес-конференција.

На прес-конференцијата ќе биде најавено поднесувањето кривична пријава против пратениците кои на 35-тата седница на Собранието на РМ гласаа за усвојување на Законот за определување на услов за ограничување за вршење на јавна функција, пристап на документи и објавување на соработка со органите на државна безбедност (Закон за лустрација). Со чинот на усвојувањето на Законот за лустрација на 20 јуни 2012 година, пратениците де факто гласаа за неуставни законски решенија за кои Уставниот суд веќе се произнесе дека се неуставни и истите ги укина со неколку одлуки. Пратениците свесно одбиваат да спроведат одлука на Уставниот суд, а како последица на тоа сторија кривично дело Неизвршување на одлука на Уставен суд на РМ.

Повеќе...
 

Културното наследство им припаѓа на граѓаните

На 16-ти мај во просториите на ГЕМ клубот беше одржана проекција на документарниот филм „Зачувување на светото културно наследство на Република Македонија“ во продукција на Фондацијата „Македонида“. Во триесет минутниот филм, прикажана е состојбата на неколку сакрални објекти од историско значење, како и зафатите околу нивната заштита и конзервација.
Повеќе...
 

Промоција на книгата „За глобализацијата“ од Џорџ Сорос

Во организација Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) на 23 април, во ГЕМ клубот беше промовирно македонското издание на книгата на Џорџ Сорос „За глобализацијата“. Книгата, изворно објавена во 2002 година, не е само отворена критика на сеуште постоечките проблеми и прашања во функционирањето на глобалниот капитализам, туку дава и практични предлози за поставување на глабалниот капитализам на постабилна и поправична основа тргнувајќи од идејата дека глобализацијата е асиметрична, односно политиката во процесот на глобализација заостанува зад економијата.
Повеќе...
 

ГЕМ против Бичиклиски - Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ повторно недостапен

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Бичиклиски, и по четврти пат не се појави на закажаното рочиште по тужбата за клевета, поднесено од членовите на движењето Граѓани за Европска Македонија (ГЕМ): Роберто Беличанец, Никола Гелевски, Бранко Героски, Владимир Милчин и Жарко Трајаноски.

„За жал господинот Бичиклиски денес по четврти пат не се појави пред судот да ги докаже своите небулозни тврдења дека овие луѓе земале по илјадници евра за, како што вели тој, продажба на името. За жал тој изрази едно драматично непочитување на повикот на судот. Разбравме дека иако поканата стигнала во неговата матична партија, тој одбил да ја подигне. Сепак, новост е тоа што ја дознавме неговата домашна адреса, па следната покана ќе стигне на неговата домашна адреса, и се надеваме дека на следното рочиште закажано за 9-ти мај ќе се појави, бидејќи не му доликува како портпарол на владејачката партија да не го почитува судот“ изјави Бранко Героски од ГЕМ.
Повеќе...
 


Страница 1 од 10

Најави