Насловна Колумни Жарко Трајаноски Кон „дефиниција“ на „говор на омраза“: Студии на случај

Кон „дефиниција“ на „говор на омраза“: Студии на случај

Е-пошта Печати PDF
Жарко Трајаноски

Двапати досега имав прилика на група новинар(к)и да им го поставам следново прашање: Дали ви е познато некој новинар да бил осуден на смрт заради своите објавени статии? И двапати добив негативен одговор. Но, на општо зачудување на новинар(к)ите, одговорот на ова прашање не е негативен. Јулиус Штрајхер – новинар, издавач и уредник – е осуден на смрт на Нирнбершките процеси во 1946 година најмногу заради неговите написи кои ги објавувал во неговото популарно издание „Јуришник“ („Der Stürmer“). Прашањето дали говорни чинови можат да претставуваат злосторство против човештвото повторно беше актуелизирано од страна на Меѓународниот кривичен суд за Руанда, кој донесе три осудителни пресуди против медиумски лидери во врска со поттикнување на геноцид.

15.01.2014

http://okno.mk/node/34736