Насловна Колумни Жарко Трајаноски (Не)етичко известување за лустрацијата

(Не)етичко известување за лустрацијата

Е-пошта Печати PDF
Жарко Трајаноски

Етичка должност на новинар(к)ите е да ја проверуваат точноста на информациите од секој извор. Оттаму, новинар(к)ите треба да ја проверуваат точноста и на информациите кои доаѓаат од лустраторите (од „Комисијата за верификација на факти“). Минатата седмица „Комисијата за верификација на факти“ лустрираше неколку лица, а новинар(к)ите известија за лустрираните лица без да ја проверат точноста на информациите и без да им дадат можност на лустрираните лица да одговорат на обвинувањата пред објавувањето на прилогот. Секогаш кога се лустрира некое лице се изнесуваат одредени обвинувања, па токму затоа новинар(к)ите треба да ја обезбедат „втората страна“ и да им дадат можност на лустрираните лица да одговорат на обвинувањата, уште пред објавувањето на прилогот.

10.06.2013

http://www.okno.mk/node/28934