Насловна Колумни Жарко Трајаноски Медиумите и изборите: пристрасност и неизбалансираност во корист на власта

Медиумите и изборите: пристрасност и неизбалансираност во корист на власта

Е-пошта Печати PDF
Жарко Трајаноски

Однесувањето на медиумите за време на изборната кампања беше остро критикувано од страна на меѓународните набљудувачи на локалните избори. Прелиминарниот извештај на набљудувачката мисија беше одличен повод да се покрене јавна дебата не само за неетичкото известување, туку и за загрозената слобода на изразување.„Пристрасното и партиско медиумско покривање“ беше нагласено уште во почетните заклучоци од Извештајот за првичните наоди и заклучоци на Меѓународната мисија за набљудување на изборите. За жал, само мал дел од новинарите ги пренесоа во целост првичните заклучоци кои се однесуваа на медиумите. Што се однесува пак до првичните наоди, посебниот оддел за медиумите беше главно игнориран, иако содржи битни согледби за состојбата со слободата на медиумите – прашање кое би требало да биде од врвен јавен интерес во секоја демократска земја.

29.03.2013

http://libertas.mk/%d0%bc%d0%b5%d0%b4%d0%b8%d1%83%d0%bc%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%b8-%d0%b8%d0%b7%d0%b1%d0%be%d1%80%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%bf%d1%80%d0%b8%d1%81%d1%82%d1%80%d0%b0%d1%81%d0%bd%d0%be%d1%81%d1%82-%d0%b8-%d0%bd/