Насловна Колумни Жарко Трајаноски Има ли „зависници од болести“?

Има ли „зависници од болести“?

Е-пошта Печати PDF
Жарко Трајаноски

Кога толку многу медиуми ќе објават информација дека постојат „лица зависни од болести“ и дека таквите лица „се третираат со метадонска терапија“, тогаш логично е да се постават прашањата: Дали некој(а) од оние што ја произвеле и пренеле оваа вест се запрашал(а) како ќе се чувствуваат пациентите кои се на метадонска терапија, кога ќе ја прочитаат својата нова дијагноза – „лица зависни од болести“? Од кои тоа болести се зависни „лицата зависни од болести“ (страв ми е да почнам да набројувам)? Најпосле, со каква „терапија“ треба да се третираат новинар(к)ите – „зависници“ од агенциски вести? Може ли да се минимизира штетата предизвикана од copy-paste „вирусот“ – „лицата зависни од болести“?

22.03.2013

http://www.plusinfo.mk/mislenje/807/Ima-li-zavisnici-od-bolesti