Насловна Колумни Жарко Трајаноски Лешинарска лустрација: Ни мртвите не ги оставија да почиваат во мир!

Лешинарска лустрација: Ни мртвите не ги оставија да почиваат во мир!

Е-пошта Печати PDF
Жарко Трајаноски

Пред повеќе од една година, предупредив дека лустрацијата веќе се претвори во морбидна карикатура и инструмент за политичко-полициска злоупотреба. Неколку месеци потоа го објавив и текстот-пародија„Лустрација на сè живо и мртво!“ со поднасловот „Дискриминација е да се лустрираат само живите, а не и мртвите функционери!“ Но, ѓаволот веќе одамна ја има однесено шегата од Македонија. Комисијата на „живиот мртовец“ (“живиот” претседател со “мртов” мандат) презеде мерки за борба против дискриминацијата врз основа на живот, па почна да лустрира ем живо, ем мртво!

21.09.2012

http://www.okno.mk/node/22210