Насловна Колумни Жарко Трајаноски И „Големиот братучед“ полнел досиеја од политичкo-идеолошки причини?

И „Големиот братучед“ полнел досиеја од политичкo-идеолошки причини?

Е-пошта Печати PDF
Жарко Трајаноски

Комисија за верификација на фактите на Република Македонија неодамна објави 11 „Решенија со кои се утврдува соработката со органите за државна безбедност“. Под секое решение беа објавени и извесни документи како докази. Интересно, неколку документи кои се понудени како докази за лустрирањето на соработникот „Ветеринар“ се создадени токму во време на владеењето на Никола Груевски.

Комисијата за лустрација утврди дека лицето со псевдоним „Ветеринар“ (кандидат за пратеник) било „тазе“ соработник на тајните служби од 14.04.1998 па се до 15.03.2010!?! При утврдувањето на соработката со службите, лустраторите се повикуваат на повеќе документи, од кои пет се создадени од УБК контролирана од првиот братучед на Груевски.

07.08.2012

http://www.okno.mk/node/21311