Насловна Колумни Жарко Трајаноски Дали и Ванчо Михајлов бил жртва на комунистичкиот режим?

Дали и Ванчо Михајлов бил жртва на комунистичкиот режим?

Е-пошта Печати PDF
Жарко Трајаноски

Лустрацијата е чедо на транзицијата. Еден од клучните предизвици на лустрацијата е: Како да се воспостави транзициска правда без да се повредат човековите права? Советот на Европа јасно ги образложува целите на транзицискиот процес: “да се креираат плуралистички демократии, засновани на владеењето на правото и почитувањето на човековите права и разновидноста”.

Кој е клучниот парадокс на македонските лустратори? За транзицијата зборуваат во минато свршено време, а истовремено спроведуваат лустрација?! “Во Република Македонија предолго траеше транзицијата, за разлика од другите земји од централна и источна Европа” тврди претседателот Иванов, кој уште како политолог објаснуваше дека "Теоретски транзицијата во Македонија е завршена”.

Но, се додека се спроведува лустрација, Македонија ќе биде перципирана како земја во транзиција.


15.08.2012

http://www.okno.mk/node/21441