Нацистички хумор

Е-пошта Печати PDF
Жарко Трајаноски

Зборот „пропаганда“ е еден од клучните термини во Хитлеровото дело „Мојата борба“. Исправната употреба на пропагандата Хитлер ја сметал за вистинска уметност. Откако Хитлер воспоставил контрола врз медиумите, Германија била преплавена со нацистичка пропаганда. Пред да биде извршен геноцидот врз Евреите и другите виктимизирани групи, идните жртви биле дехуманизирани со помош на пропагандата. Пропагандата влијаела на јавното мнение на таков начин што за мнозинството луѓе било сосем прифатливо насилството кое следело.

30.03.2012

http://www.okno.mk/node/18304