Насловна Колумни Жарко Трајаноски Киро и Грујо: „Стариот лисец“ и „младиот петел“ (1)

Киро и Грујо: „Стариот лисец“ и „младиот петел“ (1)

Е-пошта Печати PDF
Жарко Трајаноски

Неколку работи ги спојуваат Глигоров и Груевски – економијата, Штип, Јордан Мијалков, и владеењето со Македонија. Речиси сè друго ги разликува и раздвојува. Како политичар, Груевски е антипод на Глигоров.

Глигоров стекна имиџ на „стар лисец“ кој вешто се избори за мирна независност, национално обединување, и меѓународно признавање на Македонија и на Македонците како еден од словенските народи. Груевски си изгради имиџ на „млад петел“ кој суверено господари со македонското буниште, глумејќи бранител на античко-македонскиот идентитет и борец против внатрешните „кодоши“ и надворешните непријатели.

13.01.2012

http://www.okno.mk/node/16256

Последно освежено на Вторник, 17 Јануари 2012 13:34