Каде сте?

Е-пошта Печати PDF
Жарко Трајаноски

Познавам многу слободоумни професор(к)и. На студентите им проповедаат за слободата на мислата и говорот. Некои за тоа се платени. Никаде ги нема јавно збор да кажат. А власта катаден гази по слободата на говорот. Тие си чмаат по своите кабинети. Си молчат и си земаат платичка.

Познавам многу интелигентни научници. Докторант(к)и и магистран(к)ти. Опседнати со своите тези, дисертации, истражувања. Никаде ги нема јавно збор да кажат. А власта катаден гази по нивните и нашите права. Тие си молчат, задлабени во нивната наука.

http://www.okno.mk/node/15850