Насловна Колумни Владимир Милчин Владимир Милчин: ПОСЛЕДНАТА КОЛУМНА

Владимир Милчин: ПОСЛЕДНАТА КОЛУМНА

Е-пошта Печати PDF

Како да се напише последната колумна за весник кој е осуден да го снема? Како да се напише колумна која ќе излезе во последниот број на ШПИЦ, во среда, 29 јуни 2011 година. Веќе наредниот ден, четврток, 30 јуни 2011 година, ќе биде запаметен по тоа дека ќе го снема не само ШПИЦ, туку и ВРЕМЕ и КОХА Е РЕ. На ова му претходеше исчезнувањето на печатеното издание на неделникот ГЛОБУС. Она што лебди во воздухот е неизвесноста дали ќе опстане телевизијата А1. Односно, дали ќе се најде откупувач на долговите? Неизвесна е и судбината на УТРИНСКИ ВЕСНИК. Не дека во Македонија и порано не згаснувале медиуми. Но никогаш досега мракот во медиумскиот простор не настапил толку наеднаш и никогаш досега не бил толку црн. Медиумите кои ќе занемат имаа заеднички именител. Тие имаа критички однос кон политиките на груевизмот. За волја на вистината, нивното демаскирање на популизмот на Груевски не почна едновремено...

Повеќе

Објавено во „Шпиц“ на 29.06.2011
Последно освежено на Среда, 29 Јуни 2011 11:11