Насловна Колумни Владимир Милчин Владимир Милчин: „Чираците на Удебето во акција“

Владимир Милчин: „Чираците на Удебето во акција“

Е-пошта Печати PDF
Кој прв почнал да злоупотребува текстови и фотографии заради дискредитирање на политичките неистомисленици? Гестапо или НКВД? Нацистите или болшевиците? Химлер или Ѓержински? „Одговорот го одвеа ветерот, пријателе“, би рекол Боб Дилан. Но, инспирацијата за оваа долготрајна валкана традиција која не завршува ниту со падот на Берлинскиот ѕид е позната. Тајната полиција на руското царство, позната како Охрана, во далечната 1903 година го произвела и раширила најуспешниот фалсификат на модерните времиња, антисемитскиот памфлет „Протоколите на сионските мудреци“. Тој памфлет го користеле Хитлер, Сталин и Хенри Форд, кој го платил неговото печатење во 500.000 примероци! Во аналите на НКВД и неговите разграноци се забележани фотомонтажи кои „докажувале“ дека бележаните за политички и физички отстрел биле империјалистички агенти. Ни УДБА не е невина кога станува збор за монтирање текстови и фотографии со кои се деградирале политичките противници или се прекројувала историјата.

Повеќе

Објавено во „Шпиц“ на 22.06.2011
Последно освежено на Среда, 22 Јуни 2011 14:08