Денот потоа

Е-пошта Печати PDF
Ни дваесет и четири часа не поминаа од затворањето на гласачките кутии, победниците го почнаа својот „блицкриг". Жестоко, без одмор. Одмазда ли е, бес ли е, поради неостварениот план да освојат мнозинство од 62 пратеници? Со овие 56 пратеници што ги избоксува со претходна „оперативна обработка на теренот", камуфлирана со „мирна и демократска атмосфера", победникот Груевски со ослабени мускули ќе мора да прави пазар со Ахмети и/или Тачи. Ценкањето ќе биде негов проблем, привилегиите и профитите ќе бидат негови и на неговите, но цената ќе ја платиме сите. А од нас се очекува да молчиме, зашто „победила демократијата".

повеќе

Објавено во Шпиц на 08.06.2011