Насловна Колумни Владимир Милчин ПОБЕДА, И НИШТО ДРУГО

ПОБЕДА, И НИШТО ДРУГО

Е-пошта Печати PDF
Чудна и морничава беше глетката кога минатата среда по полноќ се возев од скопскиот аеродром до дома. Од надвозникот што води кон населбата Ченто, па сè до центарот на Скопје „никнале“ десетици билборди од двете страни на улиците. Со жолти букви на црвено поле, некој прашува: Дали сте за победа? Прашува и едновремено одговара со заокруженото ДА. А кој тоа прашува и одговара? На билбордите нема потпис. Уште еден „изум“ на итроманците од партијата на Груевски за изигрување на законот. Ем анонимни, ем препознатливи. По којзнае кој пат, нивната анонимност е нивниот идентитет. Она што не можат да го скријат, тоа се парите. Кој друг во оваа држава има толку пари за да закупи толку билборди? Кој друг може без мера да ги расфрла народните пари? Знаат груевци: Само расфрлањето без мера може да го прикрива грабежот без мера. Но заборавиле дека и грабежот мора да има мера, за да може да се одржува привидот дека повеќе градат, а помалку крадат.

повеќе

Објавено во Шпиц на 18.05.2011