Насловна Колумни Владимир Милчин ЕМ ГОЛИЈАТ, ЕМ ДАВИД

ЕМ ГОЛИЈАТ, ЕМ ДАВИД

Е-пошта Печати PDF
Запнале груевистите да покажат дека не ѝ се плашат на Радмила Шекеринска. Кого сакаат да го убедат дека СДСМ со Радмила не може да го порази ВМРО-ДПМНЕ со Груевски, граѓаните или себеси? Чуму толку ја оцрнуваат, ако веруваат во интригата дека таа е само жртва на Црвенковски? Чуму истураат толку жолчка и толку пари во кампањата против „отпишаната“ Радмила? Каква ли јанѕа ги јаде, што не им дава да спијат, па во несоницата ни продаваат дека Радмила ем му е жртва, ем му е послушник на Бранко? „Ништо ново во СДСМ“, се обидуваат да звучат триумфалистички груевистите. Чуму толкава тревога за време на велигденските празници ако во СДСМ нема ништо ново и ако Бранко само ја жртвува Радмила која ја промовира за премиер на идната влада?

Повеќе

Објавено во Шпиц на 27.04.2011