Чичковштина

Е-пошта Печати PDF
На страница 6 во неделникот „Фокус“ прочитав белешка под наслов: Културна (У)ЦЕНА – СЕКОЈ ГЛУМЕЦ ДА ДОНЕСЕ ПО 15 ГЛАСА ЗА ПРЕРОДБАТА. Во белешката, од збор до збор, од точка до точка, пишува: „Секој актер вработен во македонските театри во периодот на преродбата по 2006 година треба да се ангажира на терен и да обезбеди по 15 члена од неговото семејство и пријателите кои ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ на претстојните избори! Ова, неделава им било соопштено на актери но и на целиот технички персонал вработен во десетина театри во Македонија во изминативе години. И тоа, јавно директорите барале гласови за ДПМНЕ небаре платите ги делат од свој џеб, а не од државниот буџет. (...) Џабе градат старо-нови театри кога ги убиваат актерите кои треба да имаат креативен дух, а не да бидат подлизурковци кои ќе молат за гласови по роднини само за да останат на работа!“

Повеќе
(Објавено во Шпиц на 20.04.2011)