Насловна Колумни Владимир Милчин Зарипнати мегафони

Зарипнати мегафони

Е-пошта Печати PDF
Претешко бреме му беа натовариле на плеќите на Миленко за нашиот дуел во петокот вечерта. А згора на се, го понижија со налогот да не го исклучи телефонот за да може да ги прима инструктивните повици и пораки. Не знам колкумина беа вклучени во напорот Миленко да извлече барем нерешен резултат, но барем во две прашања можев да ги идентификувам суфлерите: хармоникашот ДаЛаПе и „партизанката" Мирка. Вклучениот телефон на Миленко не остана незабележан од гледачите. Во многубројните пораки и повици, кои следеа во петокот до доцна во ноќта и во саботата цел ден, речиси сите стари и нови познаници искажаа згрозеност од апсолутниот недостиг од „срам и перде" кај Миленко и неговите налогодавачи.

Повеќе

(Објавено во Шпиц на 06.04.2011)