Насловна Колумни Владимир Милчин Моторни пили во ноќта

Моторни пили во ноќта

Е-пошта Печати PDF
Владимир Милчин

Специјалци и моторни пили доцна во ноќта. Првите за луѓето, вторите за дрвјата. Дење повикува на обединување, ноќе гази сè што му стои на патот. Го честита празникот со сеча. Списка милиони божем пошумувајќи ја Македонија, сега печали соголувајќи го Скопје.  На педесетина метри од местото на ноќешното злосторство се наоѓаат затворените канцеларии на тие што тврдеа дека садејќи дрвја ја садат иднината. Каде се сега? Дезертираа од сегашноста, кренаа раце од иднината? Не веруваат дека ќе ја има?

04.08.2013

http://www.plusinfo.mk/mislenje/980/Motorni-pili-vo-nokjta