Насловна Колумни Владимир Милчин „Подемот и падот на кабарето“ го побива тврдењето дека Македонија е земја од соништата

„Подемот и падот на кабарето“ го побива тврдењето дека Македонија е земја од соништата

Е-пошта Печати PDF
Владимир Милчин

Новата претстава на режисерот и професор Владимир Милчин, насловена „Подемот и падот на кабарето“, премиерно ќе се одигра утре вечер, со почеток во 20 часот, на сцената на Македонски народен театар. Ова е прва соработка на Милчин со оваа театарска куќа по седум години. Во претставата играат 23 актери, кои пеат и танцуваат на музиката од девет сонгови, кои треба да ја доближат естетиката на кабарето од почетоците на 20 век. Текстовите на сонговите се во авторство на писатели од овој период, додека музиката е изработена од Марјан Неќак, за оваа прилика.

28.06.2013

http://www.plusinfo.mk/mislenje/928/Podemot-i-padot-na-kabareto-go-pobiva-tvrdenjeto-deka-Makedonija-e-zemja-od-sonishtata