Насловна Колумни Владимир Милчин Или режимот или државата

Или режимот или државата

Е-пошта Печати PDF
Владимир Милчин

Ланското решение од комисијата која божем верификува факти, потпишано од претседател без мандат беше означено како строго доверливо. Тоа значеше дека не можам да објавувам делови од документите кои беа (зло)употребени за да бидам прогласен за соработник. А во годинашново решение од 30 јули кое, патем биди речено, претставува куп смрдливи лаги, Комисијата со потпис на Аџиев ме поучува (читај: ми наредува): За покренување постапка пред надлежен суд Владимир Милчин да ја извести Комисијата. (?!) Па еве ја користам оваа конференција за печат за да известам дека ќе покренам постапка пред Управниот суд против решението. Но, ќе поднесам и кривична пријава против лицето Томе Аџиев за повеќе дела, вклучително и затајување на документи. А кривична пријава за клевета ќе поднесам и против сите медиуми кои објавија фалсификат така што она што го направил некој соработник со псевдоним „Мишо“ му го припишаа на „Драматург“, односно на Владимир Милчин.

13.08.2012

http://www.okno.mk/node/21397