Светисавски лузни

Е-пошта Печати PDF
Владимир Милчин

Деновиве, откако претседателот Тадиќ го помилува актерот Лаушевиќ, неколкумина пријатели и познајници ме прашаа дали има некаква врска меѓу прекинатата изведба на мојата претстава „Свети Сава“ во Југословенско драмско позориште во Белград на 31 мај 1990 година и истрелите со кои, „во пречекорена самоодбрана“, Жарко Лаушевиќ одзеде два животи во Подгорица на 30 јули 1993 година. Само еден ден пред објавувањето на помилувањето, актерот Бајруш Мјаку ми ја донесе од Белград книгата на Жарко Лаушевиќ „Годината поминува, денот никако - дневник за една робија“ продадена во над стотина илјади примероци. И не беше тоа единствената зачудувачка коинциденција: неколку дена претходно, без да знам дека со декрет за помилување претседателот ќе ја прекине голготата на големиот актер, на мојот ФБ профил поставив еден видео клип на кој може да се види драмата на прекинувањето на претставата „Свети Сава“, кога група шешељовци и светосавци со пеење, врескање и пцуење го укинаа театарот.

11.01.2012

http://www.okno.mk/node/16222