Насловна Колумни Владимир Милчин ДОСИЕ 25630 (6): ДО „ЕДИНСТВО“ СО УЦЕНИ И СО ЗАКАНИ

ДОСИЕ 25630 (6): ДО „ЕДИНСТВО“ СО УЦЕНИ И СО ЗАКАНИ

Е-пошта Печати PDF

Владимир Милчин

Потсетување за добронамерните и за злонамерните читатели

Во првите три продолженија на фељтонов објавив 11 акти на Републичкиот секретаријат за внатрешни работи на СР Македонија, Служба за државна безбедност, Управа на СДБ Скопје. Првиот се вика ЗАВЕДУВАЊЕ НА ПРЕТХОДНА ОПЕРАТИВНА ОБРАБОТКА и носи датум 9.10.1976 година. Последниот се вика ПРЕДЛОГ ЗА ДЕРЕГИСТРАЦИЈА на ПОО „Драматург“ и носи датум 22.7.1987 година и на него е со рака напишано: Дерегистриран 19.8.1987 година. Заедничко за сите 11 акти е тоа што се потпишани од барем тројца функционери на СДБ или од Републичкиот секретар за внатрешни работи. Освен тие 11 акти, објавив и една службена белешка, потпишана од двајца оперативни работници, која носи датум 3.11.1987 година и која покажува дека се распрашувале за мојата активност и по дерегистрацијата.

Повеќе http://www.plusinfo.mk/mislenje/289/FELjTON-DOSIE-25630-6-DO-EDINSTVO-SO-UCE
Последно освежено на Понеделник, 22 Август 2011 09:54