Насловна Колумни Роберто Беличанец Доброволни даватели на туѓа крв!

Доброволни даватели на туѓа крв!

Е-пошта Печати PDF
Роберто Беличанец

Колку добро звучат лошите песни и лошите причини кога маршираме против непријателот! – Фриедрих Ниче

Се нафатив, во знак на поддршка на мировниот протест кој ќе се одржува во сабота на 17 март да напишам еден текст. Морам да признаам дека никогаш не ми било потешко тоа да го направам. Не знам колку е паметно или целисходно во ситуација во која што се, ама буквално се што ќе се напише може да биде испревртено и злоупотребено. Што да напишам? Дека сум за мир? Еве по петти пат бришам веќе напишана реченица затоа што ми изгледа банална. Ете тоа ти е – мирот е банална работа. Што да напишам што иљада пати не сум го напишал и кажал – дека конфликтот е молк и дека после првата скршена глава настапуваат лоши песни и глупави причини за да може полесно да се маршира против непријателот? О, да, конфликтот има звуци, но тоа не е зборување… Тоа е бука што заглушува и заглупавува…

12.03.2012

http://www.plusinfo.mk/mislenje/460/Dobrovolni-davateli-na-tugja-krv