Насловна Колумни Никола Гелевски Фуснота кон една интригантна изјава на Божин Павловски

Фуснота кон една интригантна изјава на Божин Павловски

Е-пошта Печати PDF
Никола Гелевски

Божин Павловски пред отприлика една година напиша дека во поновата историја на Македонија само двајца политички водачи имале концентрирано голема моќ: Лазар Колишевски и Никола Груевски. Веднаш потоа Павловски се корегираше самиот себеси, сфаќајќи дека дури и семоќниот Колишевски имал прилично ограничен терен за политичко маневрирање (над Колишевски бдееја и Белград и внатрешните опоненти, како Крсте Црвенковски, на пример; башка, дури и во новосоздадената република, по нејзината консолидација во педесеттите, институциите - од партијата преку медиумите до полицијата - беа на повисоко демократско ниво од сегашната приватна држава на Фамилијата).