Насловна Колумни Мерсел Биљали Чувај не, Господе!

Чувај не, Господе!

Е-пошта Печати PDF
Ми падна в раце една книга со индуистички приказни, со многу содржини детерминирани од философијата на живеењето. Во една од нив се раскажува како на една жена и се присонило дека го сретнала Севишниот во улога на продавач. А што продавате?, прашувала жената. Господ и одговорил дека кај него може да се најде се што и посакува душата и дека нема што нема. Жената станала пресреќна и егзалтирана оти верувала дека што и да купи од Господа, само по себе мора да е на ниво на совршенство. Помислила дека конечно е пред вечната среќа. Ќе си купам вечна љубов, вечен душевен мир, задоволство, почит, благосостојба и ред други слични плодови, си мислела.

Повеќе http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=2251&ArticleID=156969
Објавено во Време на 25.02.2011