Насловна Колумни Мерсел Биљали Внимавајте на пцовисани коњи

Внимавајте на пцовисани коњи

Е-пошта Печати PDF
Мерсел Биљали

Лесно ќе се потсетиме на постојаните укажувања на важни луѓе од ЕУ, дека треба да внимаваме на пцовисаните коњ, на кои возвративме со погрдни зборови (на Талер, Шацимаркакис, Оли Рен...). Тие најдобронамерно ни сугерираа, без да губиме време, да го правиме тоа што сега ќе го правиме, ама со голема загуба на време и сe друго поврзано со тоа. Загубивме коридори во вредност од неколку милјарди евра. Пропуштивме стратешки инвестиции. Загубивме достоинство, авторитет, а и иднина. А добивме некое чудно минато. Ни ветија дека ќе нѐ стоплат, а всушност, до срж нѐ изгорија. Но, факт е дека леснотијата со која одредени владини постапки стануваат општи политички насоки, никако не произлегува од квалитетот на тие постапки, туку од неквалитетот на опозициските понуди.

12.10.2012

http://www.plusinfo.mk/mislenje/611/Vnimavajte-na-pcovisani-konji--