Очајна ситуација

Е-пошта Печати PDF
Мерсел Биљали

Ептен ја форсираме лустрацијата. Изгледа се сме средиле во државата освен кодошите. Како да ни е се ,чисто па само кај моралното прочистување ни остана дамка. И затоа лустрацијата ќе продолжи со помош на Луцифер. Ама не ми е сосема јасно дали вистина тие кодоши правеле толку неопростиви гревови. Да беше така немаше и сега да ги има во сите скалила на власта. Дури и заштитени се! Но, како и да е тие можеби кодошеле еден или двајца луѓе поради нивен личен интерес, но што правиме со овие од власта кои поради нивни лични интереси пожртвувале два милиона луѓе? Видно ги осиромашиле и животот им го упропастиле. Кој ќе треба нив да ги лустрира затоа што државата ја сместиле во спрегите на организираниот криминал? Според едни релевантни информации организираниот криминал поврзан со власта последниве неколку години ја има надминато цифрата од 250 милиона евра. Власта веќе не флертува со криминалот, туку таа е во сериозна врска.

25.04.2012

Повеќе