За пеколот

Е-пошта Печати PDF
Мерсел Биљали

На најбогатиот човек во светот Карлос Слим од владата му понудиле да инвестира кај нас. Му ги препорачале „Вардарска долина“, „Сончев град“, „Коридорите 8 и 10 (пругата до Бугарија)“ итн. А тој нема шанси да не знае дека Коридорот 8 е мртов а Коридорот 10 е тешко болен. Поради лошо водената политика го загубивме европското финансирање на Коридорот 8 во висина од околу осум милјарди евра (со попратните компоненти - нафтоводот, оптичкиот кабел, пругата кон Бугарија и Албанија, автопатот, електричниот 400 киловатен далновод итн). Грците вешто го користеа занесувањето на нашите водачи и со голема брзина ја изградија нивната „Виа игнациа“ од Александрополис до Игуменица во должина од околу 700 километри. Исто така Карлос многу добро знае дека Коридорот 10 е серозно маргинализиран од Коридорот 4 (од Виена, преку Унгарија, Романија, Бугарија до Солун), оти по тој коридор се заштедува многу време, а и цената на транспортот е двојно поевтина.

02.04.2012

Линк