Идиоти

Е-пошта Печати PDF
Мерсел Биљали

Приказната не' води во древната Индија, кога еден алчен водач сакал да стане бог. Дури му заповедал на локалниот свештеник да престане натаму да го пофали Господа, оти не може да смисли конкуренција. Ако не го послуша - главата ќе му биде вишок. "Зар немаш очи да видиш што силна светлина има во мојот двор? А насекаде наоколу е само темнина" - му кажа водачот со агресивен тон. Свештеникот цело време трпеливо слушал, но сепак на крајот морал да му укаже на тоа дека и светлината и темнината често ги разменуваат местата. Но, водачот навикнат на тоа воопшто да не слуша кога зборуваат другите, ниту ги забележал неговите зборови. По некое време водачот тешко се разболел. Молел на сите страни за помош. На крајот заповедал да му го донесат и свештеникот. Му се пожалил дека гледа само темнина и мрак во палатата. А свештеникот со тивок глас - да, очигледно дека светлината е преселена надвор од палатата, а темнината е вратена во неа.

12.03.2012

Линк