Слеп водач

Е-пошта Печати PDF
Мерсел Биљали

Спасот не може да му е на дофат на тој што никако да сфати дека сиромаштијата не треба да му е негово најголемо богатство

Пред некој ден професорот Ѓорѓи Спасов многу аргументирано ја отсликал моќта на власта и немоќта на опозицијата и ме потсети на една ориентална приказна. Сиромашен и слеп човек просел на улица. За да пролазниците бидат помилостиви просјакот ставил еден натпис - „јас сум слеп“. Но, очигледно дека тоа не му помагал многу. Во шеширот одвај собрано нешто ситно. Поминува еден непознат човек кој се доближил до просјакот, нешто препраел во рекламата на слепиот и се одалечил. Наеднаш шеширот почна да се полни. Што ли наравил тој човек си мислел во себе возбудениот слепец. Меѓутоа, тој енигматичен човек никогаш повеќе не се појавил пред него за да му објасни што впрочем сторил што наеднаш енормно му го зголемил прометот. А тој намаше ништоа посебно направено, освен што ја сменил содржината на пораката во натписот, и тоа со ваква содржина: Денес е прв ден на пролетта, а јас немам очи тоа да го видам.

линк