Трите лаги

Е-пошта Печати PDF
Мерсел Биљали

Уште во стартот на владеењето на ова власт се насетуваше тежнение кон антидемократичност. Власта премногу говореше а народот премногу молчеше. Со помош на силен популизам беше засаден преродбеничкиот дух во сечии двор, во сечии дом, во сечија надеж. Ја имаше дури и во брачните кревети. Се наментнуваше уверувањето дека тоа што се сервира не е секојдневие, туку ретка среќа што може да се случи само еднаш на илјада години. Тоа беше бледа имитација на Маоцетунговата културна револуција - ,,нека цветат стотина цвеќиња,, ,,нека се градат стотина училишта,, ,,нека се подигат стотина хидроцентрали и брани,, ,,нека се засадат милиони дрвчиња,, ,,нека се инсталираат стотина илјада компјутери,, и ред други слогани, слатки за увото ама горки за вистината.

http://www.globusmagazin.com.mk/?ItemID=8EE2E22BDD96C542A967B23C17621FC2