Насловна Колумни Ѓунер Исмаил Нов бран или нови соучесници

Нов бран или нови соучесници

Е-пошта Печати PDF
Ѓунер Исмаил

Кога Милошевиќ започнуваше со неговиот поход најнапред, за да го вјавне бесниот коњ, му го придржуваа безмалку сите! Од некакви си интелектуалци, купишта новинари, попови, писатели, академици. И Ние тука исто така си направивме и да не се лажеме. Со аплаузи го дочекавме ,,технократот,,, наспроти разочарувањата од млакоста, некомпетентноста, тендерашењето на композитната пост-охридска елита на власт, а најмногу заради тоа што НИКОЈ не беше земен на одговорност заради колосалната кражба на народен имот во периодот од 1998-2002. Признавањето на заблудите не значи и барање на простување туку повик да бидеме поумни и да не дозволиме воените профитери од 2001-та и понатаму да ни ја пијат крвта, а документите за нивните недела да фаќаат прашина во фиоки на некои опозициски прваци!

27.04.2012

http://www.sky.mk/stav/20998-Колумна-на-Ѓунер-Исмаил-Нов-бран-или-нови-соучесници.html