Осамен лидер

Е-пошта Печати PDF
Ѓунер Исмаил

Да, тоа е  Македонија, според “Павел Шатев“ се разбира. И, додека Црна Гора според Херман Ван Ромпуј е лидер помеѓу кандидатите за ЕУ, помеѓу земјите од Западен Балкан, Хрватска пак, според американската Државна Секретарка Хилари Клинтон, е земја-лидер во земјите на целиот Балкан. Еее, на толку држави-лидери во околината, вклучително и Албанија како земја која, покрај транзициските невољи, цврсто  чекори напред, та дури и Косово кое завчера се стекна со независност. но перспективите му се отвораат од ден на ден, портокаловите jugendi, агилни и фашистоидно енергични, си рекле: ајде и ние да сме биле лидери. Речено-сторено и уредно преку мегафони објавено. Павелешатевистичкиот портокалов “институт“ објави дека НАС не владееле (тоа белки подразбира дека ќе не владеат и следните илјада години!)  едни “многу арни луѓе“, какви досега Мајка Македонија не видела, ниту ќе види! Тоа се оние, знаете веќе, “жими мајка“ истражувања и соодветни резултати,  составени на кафеанска салвета!

24.03.2012

http://sky.mk/stav/18454-2012-03-23-21-07-15.html