Насловна Колумни Ѓунер Исмаил Македонија на смее во НАТО

Македонија на смее во НАТО

Е-пошта Печати PDF
Ѓунер Исмаил

Идејата дека НАТО не смее веќе да се шири, не е нова, но е една од помалку успешните од сите гео-политички идеи, во реализацијата, се разбира. Сега-засега таа идеја, горе-долу функционира и успева само кога се работи за Македонија.

Значи, кога се растураше тогашниот (бидејќи има и сегашен!) биполарен свет, додека се совзедоа (противниците на НАТО) им  “отидоа од рака“ цела Нова Европа, вклучително Романија, Бугарија, Албанија и секако Косово! Остана малата и нискокапацитетна Македонија, како последна одбрана од НАТО-злосторниците (“НАТО-зликовци“), а одсекогаш опкружена со соседи-апетитлии! Грција, тоа ебарем јасно иако е Таа Таква и погодна за улогата на НАТО-членка која ќе ги тестира капацитетите на една двомилионска, тукушто осамосталена држава, како и амбициите на сите заинтересирани. Улогата си ја  одигра искрено (не и бешше тешко), а како што гледаме, не само оваа задача-улога, ја наплати со неколку стотици милијарди! А и сите други апетитлии си ги покажаа роговите. Некои порано, некои сега, а некои допрва, кога ситуацијата “ќе се развие“, ќе го сторат тоа. Кога е Македонија во прашање, а во контекст на балканските состојби, секој историчар ќе Ви ја кажа една од најпростите вистини кога се работи за Балканот: “На Балканот, само апетитите се вечни, а границите секогаш се релативни!“

10.03.2012

http://www.sky.mk/component/content/article/54-2011-04-05-23-08-02/17207-Колумна-на-Ѓунер-Исмаил-Македонија-не-смее-во-НАТО.html